PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Помпео го повика Бајден да го признае Тајван како слободна и суверена држава

Mar 4, 2022

Поранешниот американски државен секретар Мајк Помпео ја повика администрацијата на претседателот Џо Бајден дипломатски да го признае Тајван како слободна и суверена држава.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Мојот став е дека американската влада треба веднаш да ги преземе неопходните и одамна задоцнети чекори, за да ја направи вистинската и очигледна работа, а тоа е да и понуди на Тајван дипломатско признавање како слободна и суверена земја, изјави Помпео на форумот во организација на Фондацијата „Проспект” со седиште во Тајпеј, пренесува ДПА.

„Ова не е за идната независност на Тајван, туку за препознавање на непогрешлива веќе постоечка реалност”, рече Помпео.

Официјален Пекинг го смета Тајван за дел од Кина, и покрај тоа што островот има независна влада од 1949 година.

Додека САД го снабдуваат Тајван со оружје, сепак претходните администрации никогаш немаат отворено кажано дека ќе понудат воена помош во случај на инвазија. Сепак, американскиот претседател Џо Бајден во октомври рече дека САД имаат „обврска” да го сторат тоа.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ