Центарот за управување со кризи соопшти дека поради невремето во Виница поплавени се куќи и подрумски простории.
Интервенирале од ЈКП Солидарност Виница со 1 пумпа и 2 вработени, ТППЕ Виница со 2 пумпи и 4 пожарникари и од ТППЕ Кочани со 3 пумпи и 6 пожарникари.
Дождот престанал и во моментов се прави увид на состојбата и евентуална потреба од дополнителни сили и опрема.