Поради минирање денеска кратко ќе биде во прекин сообраќајот на патот Кратово – Ранковце

Поради изведување работи на терен за рехабилитација на железничкиот Коридор 8, за денес е најавено минирање во близина на регионалниот пат кој ги поврзува општините Ранковце и Кратово т.е. А2 со Р1205, поради што во краток период сообраќајот на овој патен правец ќе биде во прекин, информираат од фирмата изведувач „Гулермак”, подружница Скопје со Мактек ДООЕЛ.

Оттаму посочуваат дека подготовките за минирање ќе почнат во 13 часот, а самото минирање ќе заврши најдоцна до 16 часот.

-Комплетното блокирање на сообраќајот од страна на Кратово кон Ранковце ќе трае кратко, но точното време ќе зависи од организацијата и од временските услови. Им препорачуваме на локалните жители и транспортните возила на локалните компании да го заобиколуваат овој пат во текот на наведениот термин, се наведува во соопштението од „Гулермак”.

Работите на терен се извршуваат како дел од реализацијата на проектот „Изведба и завршување на преостанатите работи на втората делница, Бељаковце – Крива Паланка” во рамки на проектот за Рехабилитација на железничкиот Коридор 8.

Инаку, останатиот регионален пат што ги поврзува општините Ранковце и Кратово, Р29281 е привремено блокиран од локалните власти поради штета на мостот на Крива Река. Препораката важи само за оние жители кои имаат куќи и викендици и пристап од страна на Кратово.

Објектот во кој ќе се врши минирање е од затворен тип т.е. тунел и се наоѓа во непосредна близина на работничкиот камп пред оштетениот мост кој е забранет за движење.

ТОП ВЕСТИ

(Видео) Сондата со примерок од опасниот астероид стигна на Земјата

Сондата со примерок од астероидот Бену слета на Земјата во неделата. Научниците на НАСА се надеваат дека материјалот може подобро да објасни како настанал...

Во Дебар отворен фестивалот “Албански театар во Македонија”

Со претставата „Лет над албанскиот театар” во режија на Ерсон Зимберај, а во изведба на албанскиот театар од Куманово, синоќа  во Центарот за култура...

Два автомобили и камион се судрија на булевар Србија

Утрово на булевар Србија во правец од Драчево до Аеродром, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале два патнички автомобили и еден камион. Патнички автомобил...

Ковачевски: Во однос на безбедносната состојба во државата, граѓаните може да се спокојни

Настаните кои се случија денес силно ги осудувам, и изразувам целосна поддршка на КФОР за сите идни активности кои се во насока на гарантирање...

Почина Шефот на Коза ностра, Матео Денаро, кој беше фатен во јануари по 30 години бегство

Шефот на италијанската мафија Матео Месина Денаро, кој беше фатен во јануари по три децении бегство, почина на 61 година. Денаро се лекувал од...