Порака од психолог за сите добри луѓе: Не сте во депресија, само сте опкружени со будали!

Постојат различни начини на кои луѓето можат да ја изразат својата злоба, корупција и глупост. Елвира Алета, психолог и автор на Explorewhatsnext, има што да ви каже.

Накратко: „Не грижете се, не e до вас.“ „Пред да дијагностицирате дека сте депресивни или со ниска самодоверба, прво проверете дали случајно не сте опкружени со будали“ (Вилијам Гибсон ).

Многумина ќе се поистоветат со оваа реченица. Ќе размислат за своите искуства. Колку пати туѓото однесување влијаело на вашето чувство? Колку пати сте морале да прекинете со врска или да се откажете од пријателство затоа што таа врска ја повредила вашата самодоверба?

Постојат различни начини на кои луѓето можат да ја изразат својата злоба, корупција и глупост. Ако луѓето во вашиот живот одговараат на овие три главни карактеристики, проблемот можеби не е вашата самодоверба или депресија!

1. Будалите се среќни во својата глупост

А глупоста не значи дека не се интелигентни. Никој не е паметен цело време и никој не знае сè за сè. Почнете од себе – кога не знаете нешто за некој, за почеток – признајте го тоа. И уште поважно, не им предавајте лекции на другите за тема за која не знаете ништо. Но, тоа не ја спречува будалата да перчи со своето „знаење“. Будалата е намерно, тупо глупава и среќна во тоа.

2. Будалите се гласни и бучни

Може ли будалата да биде тивка и срамежлива? Можеби, но тешко дека ќе се сетите на некој таков. Повеќето будали не се заинтересирани за разговор во кој слушаат и зборуваат. Водат монолог, викаат, влегуваат во вашиот личен простор и воопшто не сфаќаат дека тоа го прават. Или можеби тоа го прават за да ве заплашат. Секако дека не е добро за вас.

3. Будалите се себични насилници

Тие се свртени кон самите себе. Тие ги намалуваат мислите, чувствата и придонесите на другите, а во исто време го пумпаат нивното его и чувствуваат дека вредат многу повеќе.

Зошто будалите нѐ прават да се чувствуваме депресивни?

Ако постојано сме изложени на будали, тие можат да влијаат на нашата самодоверба. Родителите не научиле да бидеме љубезни и добри, да ги слушаме и почитуваме другите. Истото го очекуваме и од другите. Го почитуваме мислењето на другите, дури и кога не се согласуваме со нив. Добрите луѓе не се лутат брзо и имаат тенденција да ги истакнуваат позитивните квалитети на другите. Однесувањето на будалите прави да се чувствуваме глупаво затоа што сме добри. Кога често ја гледаме оваа личност, со текот на времето нашата самодоверба паѓа, се чувствуваме безнадежно, уморно, тажно и депресивно. Хроничната емоционална злоупотреба навистина може да доведе до депресија како дијагноза.

ТОП ВЕСТИ

Сити спреми нов договор, Халанд најплатен во Премиер лигата

Македонија - Малта: Ни треба победа и тоа не каква било, туку газење треба!↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=i4EBkAwsqrIЕрлинг Халад во својата прва сезона во дресот на...

Најневеројатен шверц на луѓе, на српските цариници не им се верувало дека е можно

Неверојатна сцена синоќа доживеале цариниците во Градина. Имено тие ја отвориле хаубата на еден автомобил и внатре виделе жена скриена меѓу моторот и ладилникот...

Почнува летното сметање на времето

Стрелките на часовникот ноќеска во два часот ќе покажуваат три часот. Со промената на сметањето на времето почнува летното сметање на времето и ќе...

Груби: Не сметам, знам дека има пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои би ги поддржале уставните измени 

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со изјавите шшто доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ дека на власта и недостигаат 10 пратеници за усвојување на уставните измени,...

Ал Пачино на романтична вечера со 54 години помладата партнерка (ФОТО)

Холивудскиот актер Ал Пачино ужива во љубовта со пет децении помладата партнерка. Ал Пачино е снимен за време на романтичен состанок со неговата 54...