PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Потег за поздрав: Османи успеа да го евакуира семејството Спирковски од Харков со бебе старо само 5 дена

Mar 1, 2022

Семејството Спирковски, од градот Харков, кое беше во најтешка состојба, со новороденче кое има само неколку дена, во моментов е дел од посебен безбедносен коридор на повеќе од 100км од градот и е на пат да ја напушти Украина.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Тие со на безбедно и се во доба состојба. Очекувам во текот на денот да ја напуштат Украина и потоа со асистенција на нашата дипломатска мрежа, од соседството на Украина, ќе се воспостави нивниот транспорт до Скопје.

Ова е најсложениот случај од процесот на евакуација. Продолжуваме понатаму во соработка со нашите партнери и сојузници, во обезбедување нови безбедносни коридори за евакуација на нашите граѓани од Украина.

Да информирам, дека во Харков, градот кој е најпогоден со воени дејствија, во моментов немаме веќе пријавени наши државјани, пишува министерот за надворешни работи Бујар Османи.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ