Потпретседател на руска банка побегнал во Украина: „Се приклучив на украинската војска“


Потпретседателот на руската државна банка „Гаспромбанк“, Игор Волобујев, вели дека избегал од Русија за да им се придружи на украинските сили кои се борат против руската инвазија.

Тој е најмалку четвртиот висок извршен директор или функционер за кој се знае дека ненадејно ја напуштил Русија, пишува „Москов тајмс“.

Волобујев за независниот руски портал „Инсајдер“ и за украинскиот деловен портал „Лига.нет“ изјавил дека ја напуштил Русија на 2. март и се придружил во територијалната одбрана на Украина, пренесува хрватски „Индекс“.

„Не можев од страна да гледам што прави Русија во мојата татковина“, рекол Волобујев, кој е роден во североисточниот украински град Охтирка.

„Русите го убија татко ми, мои познаници и блиски пријатели. Татко ми живееше во ладен подрум еден месец. Луѓе што ги познавам од детството ми кажаа дека се срамат од мене“, изјавил тој.

Волобујев вели дека бил отпуштен откако ја напуштил Русија, по 33-годишна кариера во компании поврзани со државниот гасен гигант „Гаспром“.

„Никој во Русија не знаеше за моето заминување“, тврди поранешниот извршен директор.

Волобујев вели дека бил дел од тимот за односи со јавноста на „Гаспромбанк“ со задача да ја поткопа перцепцијата за украинскиот гасовод во очите на европските потрошувачи.

Волобујев, исто така, ги доведе во прашање официјалните објаснувања за самоубиствата на поранешниот потпретседател на „Гаспромбанк“, Владислав Авајев во Москва и на поранешниот топ менаџер на енергетскиот гигант „Новатек“, Сергеј Протосења во Шпанија.

„Не верувам дека тоа биле самоубиства“, изјави тој за „Лига.нет“, додавајќи дека смртта на Авајев можеби била исценирана бидејќи веројатно знаел премногу.

ТОП ВЕСТИ

ДУИ ќе одбележува 21 години во „Александар Палас“, Шекеринска една од говорниците

емократската унија за интеграција (ДУИ) денеска ја одбележува 21-годишнината од формирањето. Раководството на партијата, предводено од лидерот Али Ахмети и членови на партијата ќе...

Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците

Во Собранието денеска ќе се одржат седници на две собраниски комисии и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија. На дневен...

Тројца кинески астронаути се вратија на земјата

Кинеските астронаути од вселенското летало Шенжу-15 безбедно се вратија на Земјата во недела, 4 јуни, по мисијата на кинеската орбитирачка вселенска станица која траеше...

Претседателот на Естонија Алар Карис во Албанија од 7 до 9 јуни

Претседателот на Естонија, Алар Карис, од 7 до 9 јуни ќе престојува во Албанија на покана на претседателот на таа земја Бајрам Бегај, пишува...

(Фото) Џенифер Гарнер, бившата жена на Бен Афлек ги однесе децата на Џеј Ло во Дизниленд

Однесувањето на Џенифер Лопез и Бен Афлек  на јавни настани поттикна гласини дека има проблеми во нивната врска. Можеби неочекувано многу за нивната врска...