Потресни слики од Буча – почна ексхумацијата на жртвите на масовните гробници


Форензичарите почнаа со ексхумирање на масовна гробница во украинскиот град Буча, завиткувајќи ја во црна пластика и изложувајќи ги телата на цивилите, според официјални лица, убиени за време на руската операција.

Руслан Кравченко од обвинителството во Буча изјави за Ројтерс дека ексхумирале 20 тела, од кои 18 имале прострелни рани и рани од шрапнели.

Тој рече дека се идентификувани две жени, од кои едната работела на пазар во центарот на градот.

– Има сведоци кои можат да потврдат дека овие луѓе биле убиени од руските сили. Без причина, тие само одеа по улица или беа евакуирани. Некои од нив зборуваа само украински – изјави Кравченко.

Кравченко рече дека форензичарите ќе работат на создавање слика за тоа што се случило со оние кои биле закопани во масовната гробница.

Откако руските војници се повлекоа од Буча минатата недела, украинските власти соопштија дека стотици цивили се пронајдени мртви. Заменик-градоначалникот Буча рече дека биле убиени повеќе од 360 цивили, а околу 260-280 биле закопани во масовна гробница од други жители.

Бројките не се независно потврдени. Кремљ во вторникот соопшти дека обвинувањата дека руските сили егзекутирале цивили во Буча се „монструозен фалсификат“.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и највисокиот дипломатски функционер на ЕУ Жозеп Борел при денешната посета на Украина ја посетија масовната гробница во Буча, придружувани од премиерот на Украина Денис Шмихал.

ТОП ВЕСТИ

Сити спреми нов договор, Халанд најплатен во Премиер лигата

Македонија - Малта: Ни треба победа и тоа не каква било, туку газење треба!↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=i4EBkAwsqrIЕрлинг Халад во својата прва сезона во дресот на...

Најневеројатен шверц на луѓе, на српските цариници не им се верувало дека е можно

Неверојатна сцена синоќа доживеале цариниците во Градина. Имено тие ја отвориле хаубата на еден автомобил и внатре виделе жена скриена меѓу моторот и ладилникот...

Почнува летното сметање на времето

Стрелките на часовникот ноќеска во два часот ќе покажуваат три часот. Со промената на сметањето на времето почнува летното сметање на времето и ќе...

Груби: Не сметам, знам дека има пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои би ги поддржале уставните измени 

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со изјавите шшто доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ дека на власта и недостигаат 10 пратеници за усвојување на уставните измени,...

Ал Пачино на романтична вечера со 54 години помладата партнерка (ФОТО)

Холивудскиот актер Ал Пачино ужива во љубовта со пет децении помладата партнерка. Ал Пачино е снимен за време на романтичен состанок со неговата 54...