Повеќе од 100 луѓе загинаа во експлозија на илегална нафтена рафинерија во Нигерија


Фото: Експлозија во илгална рафинерија во Нигерија (принтскрин јутуб)

Во експлозија во нелегална фабрика за преработка на нафта во нигериската држава Риверс вечерва загинаа повеќе од 100 луѓе, изјави претставник на локалната власт.

– Пожар избувна во нелегално складиште за нафта и во експлозијата изгореа повеќе од 100 луѓе до непрепознатливост – изјави државниот комесар за нафтени ресурси Гудлак Опиа.

Невработеноста и сиромаштијата по делтата на Нигер се причина поради која нелегалните рафинерии за нафта станаа атрактивен бизнис, но со смртоносни последици.

Суровата нафта се вади од лавиринт цевки во сопственост на големи нафтени компании, а потоа незаконски се рафинира во гориво и се складира во импровизирани резервоари. Овој опасен процес предизвика бројни фатални несреќи и загадување во регионот веќе контаминиран со излевање на нафта на фарми, потоци и лагуни.

ТОП ВЕСТИ

Груби-Ван дер Белен: Австрија силно го поддржува процесот на европска интеграција на Северна Македонија

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците  Артан Груби, придружуван од премиерот Димитар Ковачевски, како и други министри,...

Замрзнати и намалени цените на хигиенските производи

Владата денеска на седница донесе Одлука за определување највисоки цени за тоалетна хартија, влажни марамчиња, пелени за деца и возрасни и хигиенски влошки. Највисоките...

Маск и група експерти бараат пауза во развојот на вештачката интелигенција поради „ризици за општеството“

Илон Маск и група експерти за вештачка интелигенција повикуваат на шестмесечна пауза во развојот на системи помоќни од неодамна лансираниот GPT-4, во отворено...

Ковачевски-Белен: Потврдена одличната соработка со Австрија, Северна Македонија одлучно продолжува на патот кон ЕУ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска оствари средба со сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, кој престојува...

Лефков и Ковачки го злоупотребуваат пратеничкиот имунитет за навреди и дискредитации

Политичката коректност и пристојна комуникација меѓу пратениците е одамна изгубена во нашето Собрание. Наместо аргументирана дебата, факти, говорницата се користи за меѓусебни навреди и...