Позајмена анализа за најновото истражување: Анкетата докажува дека победникот на избори би била сегашната владината коалиција!

-Математиката вели вака: СДСМ-ДУИ-Алијанса на Албанците: 23 отсто доверба на граѓаните, кои би имале шанси да формираат влада наспроти можната коалиција ВМРО-Левица – со 21 отсто, (со Беса: 22 отсто, но малку е за верување дека албанска партија може да се приклучи на коалиција каде што е Левица)

По објавувањето на резултатите од истражувањето на Националниот демократски институт (НДИ) и Институтот за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) и Центарот за управување со промени, може да се извлечат многу интересни заклучоци. Иако анкетата опфати многу аспекти, првото нешто што го привлекува вниманието на јавноста е што може да се очекува од следните избори, кој може да победи, кој може да формира влада.

За победниците на тие избори нема многу дилема, досега секоја анкета покажа а и овој пат се потврди: во македонскиот блок е ВМРО (17%) спроти СДСМ (12%), а во албанскиот блок Демократската унија за интеграција (8%), следена од Алијансата на Албанците (3 проценти). Меѓутоа, меѓутоа зад овие проценти доверба, се крие и другото непознато: кој може да ја создаде владината коалиција?

Врз основа на довербата изразена во други партии, нема гаранција дека ВМРО-ДПМНЕ може да формира влада, се додека тоа би зависело од некоја екстремистичка партија, како што е Левица на Апасиев, која во анкетата има доверба од 4%. Тоа значи дека заедно можат да достигнат 21 процент, бидејќи во анкетата нема друга партија која би можела да се приклучи на оваа можна „коалиција“, освен можеби Движењето Беса, кое до сега кокетира со ВМРО, но неговата доверба од 1 процент не е доволна за создавање на следната извршна власт.

Слабата точка на оваа коалиција, во секој случај, е зависноста од Левица, со која сметаме дека самата ВМРО би се двоумела да соработува, а камоли албанска партија која би си дозволила да влезе заедно со Левица!

Состојбата е поинаква во актуелниот владин коалициски блок: СДСМ, ДУИ и Алијансата (3 отсто) можат да достигнат два поени повеќе, односно 23 отсто, не вклучувајќи ниту еден друг субјект од 1 отсто од „другите“, каде што е Алтернатива на Африм Гаши.

Теренската анкета е спроведена во периодот 22 февруари – 9 март 2023 година, меѓу 1.002 испитаници над 18 години на целата територија на државата, преку метод лице в лице и има и други неизвесни елементи. Тоа пред се се гледа во многу високиот број (26 проценти) на оние кои се изјасниле дека нема да гласаат и на оние кои не се изјасниле (исто така 26 проценти) за кого ќе гласаат. Ова ја прави изборната битка побезкомпромисна во секоја партија заради привлекување овие апстиненти, како одлучувачки тег на кантарот на нивната политичка судбина.

(Анализа на порталот indeks.mk)

 

ТОП ВЕСТИ

ФОТО: Сопругата на Канје Вест се појави во црква во морбидно издание

255 Раперот Канје Вест се ожени со Бјанка Сенсори пред неколку месеци, а парот привлекува големо внимание на јавни места. Така, тие се појавија во...

Анастасија Ражнатовиќ насмеана покрај Немања Гудељ по загубата на бебето

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ се поддржуваат еден со друг и во најтешките и во најубавите денови. Српскиот пар прослави за победата на тимот...

Битиќи со германските компании: Нудиме поволно деловно опкружување, стратешки предности и силна владина поддршка

Заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи оствари средба со делегацијата...

Шакира има НОВА ЉУБОВ? Пејачката видена на јахта со познат спортист (ФОТО)

170 Колумбиската пејачка Шакира повторно го привлече вниманието поради приватниот живот, но сега причината не е нејзиниот поранешен партнер, туку некој за кој се...

Груби присуствуваше на редовниот состанок на сите амбасадори на земјите членки на Европската Унија

Денеска се одржа редовниот состанок на сите амбасадори на земјите членки на Европската Унија во Скопје. Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем...