Повеќе од 800 словенечки пожарникари го гасат пожарот кој денеска од северна Италија се прошири и во крашкиот регион во Словенија.
На терен се и министерот за одбрана Марјан Шарец и командантот за цивилна заштита Среќко Шестан, јавија словенечките медиуми.
Пожарот од италијанска страна се проширил и на Словенија и покрај акцијата за гаснење на огнената стихија од воздух во која учествувале три словенечки и два италијански хеликоптери.
Не се смирува ни пожарот кај Трст. Градот практично остана изолиран од останатиот дел на покраината Фурланија-Јулијанска краина, а споед последните информации, Трст би можел да остане и без струја. Пожарот штио го зафати италијанскиот дел се шири на подрачјето Џамијана каде се евакуирани над 100 луѓе.
Во Словенија загрозени се населбите Села на Красу, Худи Лог, Корита на Красу и Нова Вас каде се евакуира населението. Ситуацијата е најтешка во општината Добердоб која се наоѓа непосредно покрај словенечко-италијанската граница. Протипожарните сирени денеска се огласија и во Шемпетра кај Нова Горица, пренесуваат локалните медиуми.