– Пожарот што од пред два дена беснее на потегот во планските ридови помеѓу беровските селата Будинарци и Митрашинци е локализиран вчера попладне во 17 часот. Како што информира Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), тимовите и сите други учесници во гаснењето на пожарот се вратени во базите, а на терен остануваат дежурни екипи од Шумското стопанство „Малешево“ – Берово. Во објава на својот профил на Фејсбук, ДЗС посочува дека во текот на денешниот ден ќе се направи контрола на теренот.