PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Пожарот во Словенија продолжува да беснее, на италијанската страна има жртва

Jul 22, 2022

На словенечкиот Крас, крај границата со Италија, продолжува да беснее шумскиот пожар што досега зафати над 2.000 хектари, а синоќа на италијанската страна ја зеде и првата жртва.   Педесет и шестгодишната Елени ло Дука го загуби животот откако врз неа падна опожарено дрво, при вршење увид. Според некои проценки, станува збор за најголем пожар регистриран во Словенија. Пред два дена, пожарот се прошири во Словенија од Италија. Некое време беше под контрола, но состојбата повторно е сериозна. Евакуирани се три села во словенечката област, каде живеат околу 400 луѓе. Огнот е прилично оддалечен од нивните домови, но подрачјето е опасно по живот бидејќи е опкружено од густ чад.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ