PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Предизборен митинг на СДСМ во Тетово, Димитриевски: Започнавме работи кои со децении не беа чепнати

Oct 3, 2021

Денеска СДСМ држеше пред-изборен митинг во град Тетово, каде беше презентиран кандидатот за градоначалник на општина Тетово, Хамдија Елезовиќ како и листата на кандидати за советници на чело со Илија Димитриевски.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Во продолжение целосниот говор на Димитриевски:

Дозволете ми во мое и ваше име да ги поздравам сите гости на вечерашнава трибина на СДСМ и коалицијата Најдоброто за мојата општина, добредојдовте во Тетово!

Го поздравувам почитуваниот Доктор Хамдија Елезовиќ, идниот градоначалник на Општина Тетово!

И го поздравувам човекот, кој е другар на секој член и активист на СДСМ, лидерот кој води со пример, Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Премиер Зоран Заев!

Почитувани пријатели, сакам да споделам со вас, за мене еден многу важен јубилеј, денеска е точно една година од кога станав претседател на СДСМ Тетово, и има ли поголема чест од тоа да го прославам јубилејот заедно со сите вас вечерва!

Во изминативе 365 дена, и во последниве 4 години, успеавме да издејствуваме добри проекти за Тетово, за што ја имавме поддршката од централната власт.

Оваа Влада на СДСМ инвестираше во Тетово онолку колку што ниту една Влада не инвестирала предходно.

Започнавме работи кои со децении не беа чепнати, беа пропаднати, беа руинирани, Тетово беше оставено во многу лоша состојба…

Започнавме со целосна реконструкција на улицата Гоце Делчев, стариот дел на градот, местото од кадешто почна да се шири Тетово, не го оставивме на маргините.

Успеавме да издејствуваме изградба на затворен пливачки базен.

За првпат во Тетово ја остваруваме замислата на урбанистите за едно Тетово со 3 големи булевари, се продолжи булеварот Индустриска кај Спортскиот центар, се пробива и булеварот Благоја Тоска, од двете страни.

Се реконструираше патот Тетово – Попова шапка.

Се послушаа планинарите, активистите и граѓаните и Шар планина се прогласи за национален парк.

Се формираше и почна со работа Јавното транспортно претпријатие, автобусите вртат секој ден.

Се реконструираа улиците Ѓоце Стојчески, Мурат Бафтијари, Јане Сандански, Иво Лола Рибар, и многу други.

Се реновираа и опремуваа училишта, се реновираа градинки, се отвори Центар за ран детски развој.

Сето ова е факт и видливо, и е направено сега, со поддршка и во мандат на оваа Влада на СДСМ!

Почитувани пријатели, дозволете ми вечерва да ви се обратам не како претседател на СДСМ Тетово, ниту како носител на советничка листа, туку како човек, ваш сограѓанин кој е свесен за проблемите со кои сите се соочуваме.

Низ разговорите со граѓаните, со младите, со пензионерите, на улиците, по маалата во секој дел од Тетово, постојано ги слушаме проблемите кои ги тиштат граѓаните.

Што подобро е организирано секое маало, што посредена е секоја една населба, толку ќе биде подобра нашата општина.

За сето ова ја имам честа уште поактивно да придонесам за Тетово, овојпат и како носител на советничката листа.

Тетово како град, изгуби премногу време и премногу шанси во развојот.

Овој град, заслужува да биде место, каде се гради личната среќа на голем број семејства.

Тетово мора да биде град кој ќе биде препознатлив по својот автентичен идентитет.

Ова опфаќа донесување на мораториум за висококатници во централното градско подрачје и посебна грижа за стариот дел на Тетово.

Инвестирањето во занаетчиството, значи поврзување со старите занаетчиски и угостителски традиции на градот.

Во развојот на Градот, неопходно е стандардизирано, хоризонтално урбанистичко проширување во правец кон Скопје.

Ова ќе опфати нормирано планирање на нов дел од градот, во кој ќе има, станбени објекти, катни гаражи со уредена инфраструктура.

Намерата е Тетово да стане град, во кој има достоинствен простор за живеење и делување.

Тетово го гледаме како гасифициран град, кој ќе овозможи пристап до достапна, сигурна и модерна енергија.

За заздравување од урбицидот и загушувањето на просторот, приоритет ќе ни биде зголемување на зелените површини.

Во рамки на администрацијата, ќе се формира сектор за квалитетот на воздухот, каде ќе се посвети внимание на сериозна грижа за општествено одговорното однесување кон воздухот на граѓаните и на компаниите.

Општината ќе се фокусира и во развој на општинскиот секторот на локален економски развој.

Зголемување на капацитетите на секторот, обука и доедукација на човечките ресурси.

Тоа ќе овозможи активно следење и аплицирање на нови проекти, и соодветно искористување на европските фондови за локален развој.

Тетово е слика на мултикултурализмот во нашата земја.

Како град на еснаф луѓе, потребна е грижа од страна на локалната самоуправа.

Наше Тетово, мора да биде тука за секој граѓанин, и секој граѓанин да биде Тетово, само така можеме против секоја поделба!

Нашата намера не е само да се подобриме, туку да го понудиме најдоброто и најдоброто да го реализираме во Тетово.

Имаме големи предизвици пред нас, развој на инфраструктурата, развивање на транспарентна општинска администрација, квалитетни комунални претпријатија и квалитетни локални јавни установи за образование и култура.

Затоа го нудиме најдоброто, најдобрата програма со јасен план за развој на општина Тетово, со која во наредните четири години реализираме проекти кои ни се приоритети.

Овие луѓе, со Ваша поддршка, во четиригодишниот советнички мандат, ќе реализираат проекти за развиен и успешен град.

Точно знаеме кои се проблемите, и решенијата на тие проблеми ги предвидуваме во нашата програма.

  1. Изградба на две катни гаражи во централното градско подрачје,
  2. Комплетна реконструкција на објектот Дом на АРМ, сега објект за административни простории на Музејот на тетовскиот крај и адаптација на дел од објекот како младински културен центар.
  3. Доградба на дополнителни простории, училници ООУ Братство Миѓени на улица Борис Кидрич.
  4. Поставување на зелен покрив со хотикултурно уредување на сите објекти од јавни институции каде има такви можности.
  5. Субвенционирање на граѓаните за набавка на соларни инсталациии за производство на електрична енергија, за набавка и монтирање на инвертер клими за 2000 домаќинства, и за набавка на електрични велосипеди и тротинети како еко мерка за 3000 апликанти.
  6. Формирање на шинтерска служба и изнаоѓање на соодветно решение за кучињата скитници.

И многу други проекти.

Сето ова го заслужуваат  нашите идни генерации… нашите идни поколенија… го заслужуваат најдоброто за Тетово!

Го имаме Најдоброто за Тетово, ја имаме најдобрата советничката листа, имаме најдобар кандидат за градоначалник!

Ве уверувам, ќе работиме, чесно, совесно, одговорно и посветено, за да ги реализираме сите проекти со што ќе се врати сјајот на Тетово, ќе се врати душата на Тетово!

Вечерва сме тука да побараме поддршка од сите Вас за успешна промоција на нашите проекти, кои сакаме да ги спроведеме тука во нашиот роден град.

Убеден сум дека сите заедно, сплотени и единствени, храбро и достоинствено, можеме да успееме во борбата за Најдоброто во Тетово.

Сè зависи од нас!

Дали сакаме нашите деца да израснат во безбеден, чист и современ град, да бидеме најдобри или ќе дозволиме да прават импровизации во Тетово?

Ја имаме можноста да го избереме Најдоброто!

Затоа, сите заедно, на 17 октомври, да го заокружиме бројот 12, да излеземе на гласање за Најдоброто за Тетово!

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ