Предлогот на Рама за формирање ЗСО на Косово стигна до германската влада

Нацрт-предлогот за Статутот на Заедницата на српските општини на албанскиот премиер Еди Рама стигна до германската влада, потврдено е за „Косово онлајн“.

Владата во Берлин, сепак, не сакаше да ја коментира самата содржина на тој предлог.

„Можеме да го потврдиме приемот на таков документ. Бараме разбирање дека не сакаме да коментираме за доверливата содржина“, изјави портпаролот на германската влада за „Косово онлајн“.

Рама вчера објави дека на францускиот претседател Емануел Макрон и на германскиот канцелар Олаф Шолц им испратил нацрт-предлог за Статутот на Заедницата на српските општини, додавајќи дека не ја разбира неподготвеноста на косовските власти да ја деескалираат ситуацијата на северот, што зазема размери на политичка трагедија за Косово.

Инаку, Менаџерскиот тим за ЗСО, кој е овластен со Бриселскиот договор да го подготви Статутот на ЗСО, го претстави својот предлог за време на последната рунда од дијалогот на највисоко ниво во Брисел.

Тој предлог, сепак, не беше одобрен од косовската влада и премиерот Албин Курти, кој само еден ден подоцна го распушти Менаџерскиот тим.

ТОП ВЕСТИ

(ВИДЕО) Огромен пожар во фабрика во Осиек: Да не се излегува, може да има канцерогени материи

Околу 40 минути по полноќ избувна пожар во дворот на компанија во населбата Бријест во Осиек. Пластична маса и амбалажа гори, извести полицијата. Децата од...

Вјоса Османи за Си-ен-ен: Ако не се соочи со мерки, Србија би можела да го повтори насилството врз остатокот од регионот

Одговорноста за нападот во Бањска ја презеде поранешниот потпретседател на Српската листа, Милан Радоичиќ, кој во вторникот беше сослушан во белградското обвинителство, но косовската...

(Видео) Автобусот кај Венеција паднал од височина од 30 метри

Дваесет и едно лице загина, меѓу кои две деца, а 15 се повредени, од кои пет потешко, кога автобус со туристи падна од надвозник...

Трагедија во Нови Сад, човек паднал од кран и починал на лице место

Непознат маж паднал од кран на голема височина во Нови Сад и починал на лице место. Брзата помош веднаш интервенирала. „На лице место е констатирана смрт“,...

Битиќи и Бектеши на средби во ЕБРД: Поддршка за реализација на енергетски проекти за забрзана енергетска трансформација

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, и министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска, во Лондон, остварија средба со генералната директорка во Европската банка за...