Номинацијата на Ристо Пенов од ЛДП за нов министер за локална самоуправа утре од Кабинетот на премиерот Димитар Ковачевски ќе биде испратена до Собранието, откако пред половина месец министерот за локална Горан Милевски поднесе оставка од функцијата.
– Прво ја пратив оставката на Милевски до Собранието, а утре од мојот Кабинет ќе биде испратена номинацијата на Ристо Пенов за нов министер за локална самоуправа – одговори Ковачевски на новинарско прашање.