PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Премиерлигашите повеќе нема да клечат пред секој натпревар

Aug 3, 2022

[ad_1]

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Премиерлигашите повеќе нема да клечат пред почетокот на секој натпревар за да покажат солидарност во борбата против расизмот, туку тоа ќе го прават „во значајни моменти“, објавија капитените на тимовите од Премиер лигата.

Фудбалерите во Премиер лигата го воведоа обичајот да клечат пред почетокот на секој натпревар, откако Афроамериканецот Џорџ Флојд беше убиен од бел полицаец во САД во 2020 година.

Фудбалерите во англискиот шампионат ќе клечат и на првиот и последниот натпревар од првенството и пред почетокот на натпреварите во рамки на кампањата „Нема место за расизам“.

„Остануваме решени да ги искорениме сите расни предрасуди и да создадеме инклузивно општество кое негува почит и еднакви можности за сите“, соопштија капетаните.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ