PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Премиерот Ковачевски во посета на Општина Струмица

Nov 9, 2022

енеска премиерот Димитар Ковачевски ќе присуствува на неколку настани во Струмица. Агендата започнува во 12:30 часот со отворање на новата градинка „Виножито“, каде што е предвидено обраќање на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски и одговор на новинарски прашања.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Посетата на Струмица премиерот Ковачевски ја продолжува со присуство на настан во 14:00 часот, на кој ќе биде означен почетокот на градба на булеварски мост на реката Водочица во Струмица.

Со почеток во 14:30 часот, премиерот Ковачевски ќе ја посети локацијата каде што започнува изградба на социјална населба.

Според агендата, премиерот Ковачевски во 15:15 часот ќе го посети производствениот погон на фабриката МАКС.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ