[ad_1]
Сите овие вести беа масовно промовирани на Фејсбук и Твитер. Сите тие беа лажни – и беа дел од опсежната операција на руската кампања за промовирање на инвазијата на Кремљ против Украина, чија цел беа луѓе низ Европската унија и Велика Британија, се вели во извештајот објавен во вторникот од Мета.
Обемната тајна кампања се потпираше на лажни медиумски сајтови дизајнирани да ги имитираат оние на легитимните европски брендови како Der Spiegel, Guardian и Ansa, меѓу другите.
Севкупно, истражувачите на Мета открија повеќе од 60 лажни медиумски веб-локации, од кои речиси сите беа во голема мера промовирани на социјалните мрежи, вклучително и преку рекламирање на Фејсбук во вкупна вредност од повеќе од 100.000 долари.
„Тие ги поставија овие многу софистицирани домени за измама. И потоа се обидоа да ги пренесат на што повеќе различни платформи“ – соопшти Мета.
Центарот на операцијата бил во европска земја. Агентите вклучени во дисеминацијата на лажните вести не биле многу вешти, особено во преводите кои ги правеле од нивните содржини на некој од европските јазици, поради што покренале сомнежи кај корисниците. Инаку главна цел била публиката во Германија кај која требало да се предизвика паника дека Германија ќе остане без гас оваа зима.
Кина “пука” со лажни вести во САД
Кина, од своја страна, има слична работа како и Русија, но нивниот таргет е САД и нивните избори во ноември. Активноста за ширење на лажни вести чија цел се гласачите на Демократите и Републиканците започнала лани во ноември, а пресретната е овој месец од страна на истражувачите на Мета.
Пред гласањето во ноември, операција за влијание на социјалните медиуми која потекнува од втората по големина економија во светот, ги таргетирала американските гласачи од двете големи партии, се вели во извештајот објавен во вторникот од Мета. Кампањата е водена на социјалните мрежи Фејзбук, Твитер и Инстаграм и воглавном содржи теми кои предизвикуваат контроверзии во САД како што е абортусот, Ковид пандемијата и употребата на оружје во САД.
Истекувањето на гасот од цевките на „Северен поток“ се „намерни дејства”
Сè повеќе европски држави се согласни дека вчерашното истекување на гасот од цевките на гасоводот Северен поток се резултат на „намерни дејства”.
Нападите повторно ги зголемија цените на бензинот во Европа, бидејќи пазарите и официјалните лица се загрижени дека ова може да се случи и со другите гасоводни линии или терминали за ЛНГ.
Ескалира енергетската војна. Над норвешките нафтени платформи регистрирани се неидентификувани дронови
„Ситуацијата е сериозна – експлозиите и истекувањето на гас во Балтичкото Море се предмет на длабока загриженост за данската влада и нашите сојузници. Ова е меѓународна работа и од клучно значење е да останеме во близок контакт за да дознаеме што го предизвикало инцидентот“, изјави шефот на данската дипломатија.
Норвешките власти од своја страна предупредија дека неидентификувани дронови биле откриени над норвешките платформи за нафта и гас поради што оваа земја го подигна нивото на безбедносни механизми околу своите платформи.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека „секое намерно нарушување на активната европска енергетска инфраструктура е неприфатливо и ќе доведе до најсилен можен одговор“.
Она што загрижува е што Европа практично нема никакви механизми да возврати на вакви напади, станува очигледно дека енергетската војна ќе ескалира со почетокот на зимата.
ЕУ со нови санкции за Москва
ЕУ, за жал, како одговор на ваквите напади ги има само санкциите. Амбасадорите на ЕУ денеска ќе бидат информирани од Комисијата за новиот пакет санкции за Русија. Се очекува ЕК да предложи ограничување на цената на руската нафта. Според најавите, во предлогот на ЕК ќе се бара нафтата да биде по цената која Русија ја има за Азија, а која е 30% пониска од онаа за Европа. Ваквото барање ЕУ ќе го услови со осигурувањата на руската нафта. Осигурителните фирми ќе добијат забрана за транспорт или осигурување на руска нафта, доколку цената по која се продава е над одредената граница.
Борјан Јовановски / НоваТВ