Ќе дува слаб до умерен ветер, претпладне од северозападен, а попладне од југозападен правец. Во вечерните и ноќните часови во западните подрачја ќе започнат врнежи од снег.

Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 13 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност која попладне ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно југозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.

Под влијание на влажен бран во вечерните и ноќните часови во западните делови од земјава ќе започнат врнежи од дожд и снег, кои ќе продолжат и утре и ќе се прошират насекаде. Наместа врнежите ќе бидат пообилни и на југоистокот ќе започнуваат како дожд. На повеќе места и особено на западот ќе се формира нова снежна покривка, а на планините таа ќе се зголеми. Локални врнежи од снег ќе има и во среда претпладне претежно во југоисточните делови од земјата.