Претседателот на Финска на 12 мај ќе соопшти дали неговата земја ќе влезе во НАТО


Во интервју за магазинот „Тајм“, украинскиот претседател Володимир Зеленски открил дека руските војници двапати се обиделе да упаднат во претседателскиот комплекс.

Зеленски кажал дека руските сили биле на чекор од негово заробување или убиство во првите часови од руската инвазија на Украина.

Зборувајќи со новинарот Симон Шустер, кој поминал две недели во претседателскиот комплекс во Киев, Зеленски ги опишал руските војници кои биле на работ да го најдат него и неговото семејство додека се обидувале да го заземат претседателскиот комплекс во Киев на првиот ден од конфликтот.

По почетокот на бомбашкиот напад, тој и неговата сопруга Олена Зеленска отишле да им кажат на ќерката (17) и синот (9) да се подготват да избегаат од дома.

„Ги разбудивме. Беше гласно, имаше експлозии“, изјавил тој за „Тајм“.

Украинската армија му кажала на Зеленски дека руски ударни тимови пристигнале во Киев со падобран за да го убијат или заробат него и неговото семејство.

„Пред таа вечер такви работи гледавме само на филмови“, изјавил за магазинот Андриј Јермак, шеф на неговиот кабинет.

Престрелките избувнаа околу населбата каде што се наоѓа претседателскиот комплекс првата ноќ од војната, пишува Шустер.

Стражарите во кругот ги исклучиле светлата и донеле панцири и автомати за Зеленски и десетина негови соучесници, наведува тој во написот.

Еден од ретките функционери кои знаеле да користат оружје бил Алексеј Арестович, ветеран на украинската воена разузнавачка служба.

„Тоа беше апсолутно лудило. Донесовме автоматско оружје за сите“, кажал Арестовиќ.

„Руските војници двапати се обидоа да упаднат во комплексот додека семејството на Зеленски сè уште беше внатре. Следната ноќ, откако ги одби понудите за евакуација – вклучително и онаа на американските и британските сили што ќе му овозможат да воспостави влада во егзил, Зеленски излезе во дворот за да ја сними веќе познатата видео порака на својот телефон“, изјавил тој во интервју за магазинот „Тајм“.

ТОП ВЕСТИ

(Видео) Невреме во Белград: од силните громови испукале стаклата на автомобилите

Силно невреме го зафати синоќа Белград и направи хаос. Според снимките кои беа објавени на социјалните мрежи, грмотевиците биле многу силни и имало во...

Претреси во Битола, пронајдени пиштол, муниција, украдени предмети

На 08.06.2023 полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола го лишиле од слобода К.Ј.(26) од Битола. При претрес во неговиот дом,...

Седници на ИО и ЦО на СДСМ за формата на продолжување на преговорите со ВМРО-ДПМНЕ

Централниот и Извршниот одбор на СДСМ денеска ќе одржат седници на кои тема ќе бидат начинот и формата со кои понатаму ќе продолжат преговорите...

Трамп во вторник е на суд во Мајами, објави дека по втор пат е обвинет годинава

Доналд Трамп синоќа објави дека е обвинет по втор пат оваа година – овој пат по федерални обвиненија во случај што се фокусира на...

Продолжува испумпувањето на водата по вчерашното невреме во Делчево

И утрово продолжи испумпувањето на вода од подрумите на луѓето, по поплавите од невремето кое вчера попладне го зафати Делечево. Доцна синоќа помош на...