PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Претседателот на Шри Ланка побегна на Малдиви – во земјата прогласена вонредна состојба

Jul 13, 2022

Премиерот на Шри Ланка Ранил Викремесинг денеска прогласи вонредна состојба во целата земја и полициски час во одредени области, откако претседателот Готабаја Рајапакса утрово побегна на Малдивите, поради масовните протести предизвикани од економската криза на островот.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

„Премиерот како вршител на должноста претседател прогласи вонредна состојба низ целата земја и воведе полициски час во западната провинција кој стапува на сила веднаш“, изјави владин претставник за Ројтерс.

Состојбата во Шри Ланка денеска беше драматична. Полицијата фрли солзавец на демонстрантите кои влегоа во премиерската палата на Фловер Роуд и ја демолираа,  јавува Би-Би-Си.

Илјадници луѓе се собраа на главното место за протести во Коломбо извикувајќи „Гота крадецот, Гота крадецот“, нарекувајќи го претседателот Готабаја Рајапакса со неговиот прекар.

Претседателот на Шри Ланка Готабаја Рајапакса рано утринава побегнал од земјата со воен авион со сопругата на Малдиви, само неколку часа пред да поднесе оставка, потврди военото воздухопловство на земјата, јавува  Ројтерс.
Раџапакса, неговата сопруга и двајца телохранители биле качени во авион на воздухопловството кој летал за главниот град на Малдивите, Мале, соопшти воздухопловството.

Началникот на Генералштабот на Шри Ланка повика на смиреност.

Началникот на Генералштабот на Шри Ланка, генерал С.Савендра Силва денеска изјави дека вооружените сили и полицијата ќе го почитуваат уставот и повика на смиреност откако претседателот Готабаја Раџапакса побегна на Малдивите.

„Побаравме од политичките лидери да одлучат како ќе постапат, додека новиот претседател не положи заклетва и не не информира нас и јавноста до вечерва“, рече Силва, пренесе Ројтерс.

Владејачката партија го поддржува Викремесинг за претседател
Највисоките функционери на владејачката партија во Шри Ланка се согласија да го поддржат премиерот Ранил Викремесинге како нивен претседателски кандидат. Таа одлука се уште не е официјално донесена, изјави денеска извор од владејачката партија за Ројтерс, а демонстрантите велат дека бараат негова оставка до попладневните часови.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ