PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Претседателот Пендаровски го пречека сојузниот претседател на Австрија, Александер Ван дер Белен

Mar 29, 2023

На церемонија со највисоки државни и воени почести претседателот Стево Пендаровски денеска гопречека сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, кој во придружба на неговата сопруга, Дорис Шмидауер, престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

 

 

Претседателот Пендаровски и претседателот Ван дер Белен одржаа тет-а-тет средба, по што следуваше пленарен состанок на двете делегации.

 

 

Теми на разговор беа севкупните билатерални односи меѓу Северна Македонија и Австрија, можностите за нивно продлабочување со акцент на економската соработка, текот на европските интеграции на нашата земја, како и отворените прашања на Западен Балкан и состојбите во поширокиот регион.

 

 

По завршувањето на пленарниот состанок на делегациите, предвидено е претседателот Пендаровски и претседателот Ван дер Белен да одржат заедничка прес-конференција во 11:05 часот.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ