Официјални лица од Турција, Финска и Шведска се очекува да се сретнат денеска на непозната локација во Финска.
Тема на разговорот е „безбедносната грижа“ што Анкара ја постави како предуслов за влез на двете земји во НАТО, пренесува „Ројтерс“.
Министерството за надворешни работи на Финска не сакаше да ја открие локацијата или датумот на состанокот, наведувајќи ги безбедносните причини како објаснување, наведува британската агенција.
Министерката за надворешни работи на Финска, Пека Хависто, претходно најави дека првата средба на официјални претставници ќе има за цел воспоставување контакти и поставување цели за соработка, за што трите земји се согласија со потпишување меморандум за разбирање на самитот на НАТО во Мадрид на крајот од јуни.
Финска и Шведска поднесоа барање за членство во НАТО како одговор на рускиот напад врз Украина, но се соочија со противење од Турција, која ги обвини дека воведоа ембарго за испорака на оружје за Анкара и ги поддржуваат организациите кои ги смета за терористички.
Според руските медиуми, воениот комитет на НАТО ќе се состане од 16 до 18 септември во Естонија, а на тој за првпат ќе учествуваат и претставници на Финска и Шведска.