PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Презентација на првата Мијаваки шума на Институтот за патофизилогија и нуклеарна медицина

May 10, 2022

Презентација на првата Мијаваки шума во државата (мали урбани шуми кои даваат трипати повеќе зеленило од вообичаените насади) ќе се одржи денеска во дворот на Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина (ИПНМ) во Скопје. Како што соопшти Институтот, таа е донација на невладината организација „Зелена планета за сите“.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Во посета на Институтот ќе дојде амбасадорот на Јапонија, Хиронори Савада, кој ќе присуствува на настанот и ќе направи увид во донирана опрема – ехо-апарат кој се користи веќе две години и кој придонесе за поголема достапност на методата за контроли кај пациентите со заболувања на штитната жлезда за 30 %, соопштија од Институтот.

Инаку, Институтот претставува најголема институција во областа на нуклеарната медицина и тироидологијата со повеќе од 15.000 пациенти годишно. Ултразвучната дијагностика е од непроценливо значење кај пациенти со нодозна струма, особено за следење пациенти оперирани од тироиден карцином, за што се создадоа подобри услови со реализирање на „Проект за подобрување на болничката средина на Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина во Скопје преку набавка на современ ултразвучен колор доплер-систем“. Вредноста на јапонската донацијата беше околу 23.000 евра, а се реализира во текот на 2020 година. Поради рестриктивните мерки поврзани со пандемијата, беше одложена посетата на Институтот од страна на донаторот односно амбасадорот на Јапонија во РСМ.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ