PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

„Придушената“ воена парада во Москва не даде одговори за руските планови во Украина

May 9, 2022

[ad_1]

Фото: Принт-скрин
PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Рускиот претседател Владимир Путин го повтори своето обвинување дека Западот не му оставил друг избор освен да ја нападне Украина во говорот одржан за време на парадата на Денот на победата на Русија, годишна комеморација од победата врз нацистичка Германија на крајот од Втората светска војна.

„Си-eн-eн“ истакнува дека говорот даде малку детали за тоа како Русија планира да продолжи во Украина, со оглед неколкудневните шпекулации дека Путин ќе го искористи настанот за да објави големо соопштение.

Аналитичарите од сферата на одбраната оценуваат дека се одржала своевидна „придушена“ парада, во која илјадници војници се собраа пред Кремљ на Црвениот плоштад, а очекуваниот воздушен дел од годишниот настан беше откажан поради временските услови, според официјален Кремљ.

Путин ги повтори своите причини за инвазијата на Украина, велејќи дека интервенцијата е неопходна бидејќи Западот создава „закани до нашите граници“ и „се подготвува за инвазија на нашата земја“. Тој, исто така, тврди дека Западот не сака да ги слушне руските предлози за дијалог.

Исто така, се одржаа и скромни прослави во деловите на Украина под руска контрола. Имаше мали проруски прослави во деловите на Украина окупирани од Русија, вклучувајќи го и Херсон, според руските државни медиуми.

Проруските профили на социјалните мрежи циркулираа видеа снимени во јужниот украински регион Херсон, на кои се гледаат мали групи луѓе кои веат црвени знамиња и носат цвеќиња додека го одбележуваат Денот на победата на Русија. Украинските активисти во Херсон тврдат дека Русија донела луѓе од Крим за да го зголеми бројот на присутни. Според украинските власти, во југоисточниот град Мариупол, цвеќе било положено на споменикот, кој неодамна беше обновен од страна на сепаратистите поддржани од Русија.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ