Принцот Ендру остана без титула поради судење за злоупотреба на малолетничка


фото: Википедија

Кралицата му ги одзеде сите кралски и воени титули на принцот Ендру поради тужбата што против него ја поднесе Вирџинија Џуфре, жената што тврди дека принцот ја малтретирал кога била малолетна.

Во соопштението од Бакингемската палата се вели: „Со одобрение и согласност на кралицата, воената припадност и кралското покровителство на војводата од Јорк ѝ се вратени на кралицата“.

Војводата од Јорк повеќе нема да презема никакви јавни должности и се брани во овој случај како приватен граѓанин.

Да потсетиме, американскиот суд вчера ја отфрли жалбата на принцот Ендру и против него сѐ уште е активно обвинение за сексуална злоупотреба на малолетник. Тој беше тужен од Вирџинија Џуфре, која тврди дека принцот сексуално ја вознемирувал кога имала 17 години.

Во тужбата навела дека покојниот Џефри Епштајн тргувал со нејзиното тело и ја принудувал на секс со нејзините пријатели, меѓу кои бил и принцот, пишува Си-ен-ен.

Таа тврди дека Ендру ја малтретирал и во куќата на Епштајн на Менхетн и на неговиот приватен остров на Американските Девствени Острови.

Таа додаде дека принцот Ендру бил свесен оти таа во тоа време била малолетна.

ТОП ВЕСТИ

ДУИ ќе одбележува 21 години во „Александар Палас“, Шекеринска една од говорниците

емократската унија за интеграција (ДУИ) денеска ја одбележува 21-годишнината од формирањето. Раководството на партијата, предводено од лидерот Али Ахмети и членови на партијата ќе...

Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците

Во Собранието денеска ќе се одржат седници на две собраниски комисии и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија. На дневен...

Тројца кинески астронаути се вратија на земјата

Кинеските астронаути од вселенското летало Шенжу-15 безбедно се вратија на Земјата во недела, 4 јуни, по мисијата на кинеската орбитирачка вселенска станица која траеше...

Претседателот на Естонија Алар Карис во Албанија од 7 до 9 јуни

Претседателот на Естонија, Алар Карис, од 7 до 9 јуни ќе престојува во Албанија на покана на претседателот на таа земја Бајрам Бегај, пишува...

(Фото) Џенифер Гарнер, бившата жена на Бен Афлек ги однесе децата на Џеј Ло во Дизниленд

Однесувањето на Џенифер Лопез и Бен Афлек  на јавни настани поттикна гласини дека има проблеми во нивната врска. Можеби неочекувано многу за нивната врска...