Министерството за одбрана на РУСИЈА тврди дека членовите на британската морнарица минатиот месец го разнеле гасоводот „Северен тек“, директно обвинувајќи ја членката на НАТО за саботирање на клучната руска инфраструктура.
Министерството за одбрана своето тврдење не го поткрепи со докази.
„Според достапните информации, припадници на единицата на британската морнарица учествувале во планирањето, подготовката и извршувањето на терористичкиот напад во Балтичкото Море на 26 септември оваа година – минирање на гасоводите Северен тек 1 и Северен тек 2“, велат тие.
Британија реагираше
Велика Британија одговори на обвинувањата на Русија велејќи дека тие се „лажни тврдења од епски размери“.
„За да го минимизира катастрофалниот начин на кој се справува со нелегалната инвазија на Украина, руското Министерство за одбрана прибегнува кон лажни тврдења од епски размери“, изјави портпаролот на британското Министерство за одбрана.
„Оваа најнова измислена приказна кажува повеќе за аргументите што се водат внатре во руската влада отколку за Западот.