PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Проблем за Милан: Леао сака да биде најплатен во Серија А

Sep 4, 2022

[ad_1]

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Челзи во летниот преоден рок понуди 100 милиони евра за Рафаел Леао, но Милан не сакаше да слушне за продажба на својата ѕвезда.

Леао минатата сезона блесна и беше избран за најдобар фудбалер во Серија А, па неговата цена драстично порасна.

Меѓутоа, Милан ова лето ги одби сите понуди и започна преговори за продолжување на договорот.

Италијанските медиуми пренесуваат дека неговиот агент Жорге Мендеш ја одбил првата понуда на „росонерите“ која изнесувала 4,5 милиони евра по сезона.

Леао бара да биде меѓу најплатените фудбалери во Серија А и нема да прифати понуда помала од 7,5 милиони евра по сезона.

Милан доби нови сопственици па прв проблем кој треба да го решат е секако новиот договор на Леао, бидејќи ќе мора да ги задоволат неговите барања.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ