PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Прободен затвореник од КПУ Идризово

Aug 20, 2022

Затвореник од КПУ Идризово е прободен со остар предмет од страна на друг затвореник, соопшти Министерството за внатрешни работи.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

– Вчера во 18:00 часот во СВР Скопје од КПУ Идризово било пријавено дека околу 17:45 часот затвореникот И.И.(35) бил прободен со остар предмет од страна на друг затвореник И.К. Повредениот бил пренесен во амбулантата при КПУ Идризово за укажување на лекарска помош, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза”, наведуваат од МВР.

Од МВР посочуваат дека се работи на расчистување на случајот.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ