Продолжува потрагата на Халкидики по двајцата исчезнати, веројатно македонски државјани

– Без резултат е досегашната потрага во текот на ноќта во морскиот дел на првиот крак на Халкидики, по двајцата исчезнати, веројатно македонски државјани, а спасувачката акција продолжува и денеска како во море така и од воздух, јави дописничката на МИА од Атина.
Според информациите на МИА од грчката крајбрежна служба, потрагата и денеска се води под лоши временски услови со силен ветер со јачина од шест бофори (над 40 километри на час), а во акцијата учествуваат бродови на крајбрежната служба, чамци и бродови што се во близина и хеликоптер. Спасувачката акција започна вчера околу 19 часот по локално време, откако тројцата пријатели, на плажата Мити во Посиди, влегле во морето, но веројатно биле повлечени од струите и брановите, поради лошото време, а еден од нив беше спасен. Од Крајбрежната служба на Грција за дописничката на МИА од Атина вчера потврдија дека спасениот е од Северна Македонија и станува збор за 25-годишно момче, кое е во добра здравствена состојба. За останатите двајца, се претпоставува дека и тие се македонски државјани, меѓутоа нема официјална потврда од надлежните, иако грчките медиуми тврдат дека исчезнатите се од Северна Македонија. Според локалните медиуми, еден од тројцата пријатели имал роденден и дошле на Халкидики за да го прослават, а во некој момент влегле во морето да се капат, без да ги земат предвид силниот ветер и брановите. Дел од присутните на плажата забележале дека капачите ги снемало и веднаш ја информирале крајбрежната служба, по што започнала и спасувачката акција. Градоначалничката на Касандра Анастасиа Халкиа за грчките медиуми објасни дека конкретната плажа е многу опасна за пливање бидејќи има морски струи и големи бранови.

ТОП ВЕСТИ

Во Драч запленети непријавени над 250 илјади евра

Албанската полиција во пристанишниот град Драч запленила 251.295 евра и поголема количина медикаменти, кои не биле пријавени според важечките албански закони. – Тоа во рамки...

Софи Тарнер и Џо Џонас нема да се разведат мирно, претстои грда борба

87 Се чини дека ситуацијата околу разводот на Џо Џонас и Софи Тарнер ќе се вжешти, а упатени извори тврдат дека ова е само...

Бочварски: Примената на Еврокодовите во градежништвото ќе ја зголеми конкурентноста на домашните компании во Европа 

Министерот Благој Бочварски денеска се обрати на конференцијата посветена на Еврокодовите – нови стандарди за проектирање и градење на сите видови на градежни конструкции....

Груби: Над 2.000 вработувања во Кичево, Тетово, Струга, Гостивар, Битола… АПЛИЦИРАЈТЕ!

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби на својата официјална Фејсбук страница објави дека Саемот за...

ПОТВРДЕНО: Леонардо ди Каприо во врска со 23 години помлада манекенка

88 Познатиот актер официјално е во врска со 23 години помладата манекенка Виторија Черети, потврди извор близок на парот. Двојката е видена низ САД и...