Проф. д-р Даниловски за НОВА ТВ: Експлозивно ќе расте бројот на заразени, но исходот ќе биде збогување со пандемијата напролет!



Име и презиме: Игор Поповски
Платформа: ВМРО-ДПМНЕ
Општина: Пехчево

 

 

Игор Поповски пред своите сограѓани втор пат стои со ветувања за подобар живот во Пехчево. Регулација на речни корита, нови детски градинки, клубови за стари лица, реконструкција на многу улици, ова се само дел од активностите предвидени во неговата програма. Но најгорд ќе биде ако успее да го крене туристичкиот рејтинг на Пехчево.

 

Туризмот и брендирањет на земјоделските прозиводи ќе биде мој фокус ако победам

 

Поповски вели дека фестивалот ќе остане, но дека негов фокус доколку добие втор мандат, ќе биде искористувањето на потенцијалите на Пехчево во насока на развивање на руралниот и земјоделскиот туризам.

 

Ќе продолжиме со проекти од инфраструктурата, но бидеќи во минатиот мандат реалзииравме повеќе од половина, сега конечно остануа простор да се фокусиираме на развојот на економојата. Оттука, мој фокус ќе биде развојот на турзимот и брендирањњето Повеќе се фокусирам на развојот на туризмот и брендирање на земјоделските производи, а со тоа и развој на економијата.

 

На прашањето кој е неговиот став за рудниците кои беа планирани и на територијата на Пехчево, Поповски не е категорично против, но вели дека  нивните методи на обработка на бакарот се неприфатливи.

 

„Имавме проблем со студијата која ја понудија, па сега инвеститорите прават нова . Првата постапка која ја понудија беше онаа со киселините, реагираа граѓаните и ние ги поддржавме. Се спротиставивме и на нашата влада, а и на новата. Бараме нови модели од нив, ама нив тоа им е скапо бидејќи нема толку многу бакар во земјата. Застарените модели кои првично ги понудија се едноставно неприфатливи. Останува отворена само опцијата за рудникот за јаглен“, рече Поповски.

 

Но покрај новото се ветува и старото. Разгледувајќи ја програмата на пехчевскиот градоначалник забележавме дека во областа на културата тој ветил фестивали и активности кои веќе постојат. И не само што постојат, ги ветил и реализирал и на минатите избори како фестивалот на гудачки оркестри и фестивалот „Пехчевски Павловден“. И ништо од ова не би било погрешно, но малата истрага низ културниот живот на ова гратче во источна Македонија покажа дека сите овие активности се организираат од само една невладина организација – „Здружение за културни дејности Млади во движење Пехчево“.

 

Вработените основале невладина, а градоначалникот им делел пари

 

Игор Поповски е професор по математика. Роден е во 1973 година и е дипломец на Природно-математичкиот факултет. Мандат од сограѓаните бара по втор пат. Неговата политичka кариера е видлива откако станува претседател на општинскиот совет во Пехчево од ВМРО-ДПМНЕ и на позиција е од 2009 до 2014 година кога решава за прв пат да влезе во трката за градоначалник на Пехчево.

 

На крајот на јуни непосредно по преземањето на функцијата на новиот градоначалник, седуммина вработено во општината ја основаат невладината „Млади во движење“, за веќе на 9 јули на седница на Советот, а по предлог на Поповски, се усвојува годишна програма за финансирање на работата на ова Здружение од општински пари. Не се знае за што се добивале средства од општината бидејќи во одлуките на Советот иако пишува дека програмата е во прилог на билтенот, истата не е објавена. Нема ниту податоци за висината на дотациите. До денеска тие се единствени кои без оглас и набавки добиваат народни пари со потпис на градоначалникот за да го оргнизираат фестивалот на гудачки инструменти.

 

Здружението дури добивало и признанија од општината, како оваа доделена минатата година во септември за заслуги во развојот на културата и успешно организирање на фестивалот на гудачки инструменти во Пехчево. Наградите си ги делеле сами на себе, па така вработениот од општината кој е и оснивач на невладината организација, бил говорник и доделувач на признанијата.

 

Главната општинска инспекторка е основач, а градоначалникот ги кани фирмите да донираат

 

Без исклучок, сите кои ја основале невладината, сосе овластеното лице, се вработени во општината, а се истакнати локални членови на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Анита Каракашовска е советник за финансии и буџет во општината. Токму нејзиниот сектор го подготвува и планира буџетот, а тие се одговорни и за финансиски надзор и отчет врз оние кои трошат општински пари. Таму работи и нејзиниот сопруг.

 

Светлана Стамболиска е раководител на општинскиот инспекторат или популарно, таа е главната општинска инспекторка. Здружението кое го основала заедно со колегите за настаните кои ги организира покрај општинските пари собира и донации од фирмите низ градот. На веб страницата на градот Пехчево може да се најдат говори на градоначалникот каде што тој ги кани бизнисите да ги помогнат манифестациите кои тие ги прават.

 

„Иди па не дади. Ем градоначалникот те „кани“, ем раководителот на инспекциската служба може во секое време да ти прати инспекција. Па сум дал. Не дека со сила те тераат нели, ама зарем  ќе се буниш кога знаеш кој е на другата страна“, рече сопственик на мал бизнис во околината на Пехчево кој што од страв поради одмазда од општината зборува анонимно.

 

Елица Јовевска е помлад соработник за спорт, додека Живко Каликов е помлад соработник за контакт со граѓани. Марија Ризовски работи во одделението за човечки ресурси, додека Трајче Поповски е лице за контакт со информации од јавен карактер.

 

Со исклучок на Светлана која е постара од останатите, сите други се членови на младината на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поповски: Тоа беше најизводливо решение за организирање на фестивалот

 

Градоначалникот и актуелен кандидат Игор Поповски не ги негираше фактите изнесени од НОВА. Тој вели дека ова било најдоброто решение за тоа како да го организираат фестивалот од практични и организациски причини.

 

„Размислувавме за тоа како да го решиме фестивалот и имаше одредени пречки, како на пример, како ние како општина да го носиме Здравко Чолиќ, на пример. Како ќе го платиме?! Затоа решивме овој дел од културната програма да го водиме преку невладина која ќе може да собира и други донации и спонзорства покрај помошта од општината, а истовремено лицата од здружението не земаат хонорари од невладината“, рече тој.

 

Експерти: Постојат сомнежи за злоуптреби

 

Универзитетскиот професор по јавна администрација и администратво право од правниот факултет при  „Јустинијан Први“ при УКИМ  Драган Гоцевски вели дека иако законите дозволуваат јавните и државни службеници да основаат граѓански здруженија и фондации, сепак, се отвораат сомнежи и се поставува прашањето дали биле запазени сите протоколи за спречување на судир на интереси.

 

Општината според закон може да формира установи, јавни претпријатија, здруженија. Во случајов оснивач не е општината, туку се физички лица- поединци кои истовремено се и вработени во самата општина и им се доделуваат средства. Истите луѓе му даваат пари на здружението, тој проток на пари мора да се следи и да подлежи на надворешни ревизии. За да се избегне било каков сомнеж, членовите мора да имаат поднесено изјава за судир на интерес бидејќи ваквите ситуации, иако дозволиви, отвоарат сомнежи за злоупотреби. И Комисијата за спречување на корупцијата мора да даде мислење. Чувар на законитоста на работењето на општината е градоначалникот со самиот факт дека тој ги потпипшува сите акти. Само ако сите органи на државата констатирале дека нема незаконитост, тогаш тој може да префрла пари.

 

Поповски: Туризмот и брендирањет на земјоделските прозиводи ќе биде мој фокус ако победам

 

Поповски вели дека фестивалот ќе остане, но дека негов фокус доколку добие втор мандат, ќе биде искористувањето на потенцијалите на Пехчево во насока на развивање на руралниот и земјоделскиот туризам.

 

Ќе продолжиме со проекти од инфраструктурата, но бидеќи во минатиот мандат реалзииравме повеќе од половина, сега конечно остануа простор да се фокусиираме на развојот на економојата. Оттука, мој фокус ќе биде развојот на турзимот и брендирањњето Повеќе се фокусирам на развојот на туризмот и брендирање на земјоделските производи, а со тоа и развој на економијата.

 

На прашањето кој е неговиот став за рудниците кои беа планирани и на територијата на Пехчево, Поповски не е категорично против, но вели дека  нивните методи на обработка на бакарот се неприфатливи.

 

„Имавме проблем со студијата која ја понудија, па сега инвеститорите прават нова . Првата постапка која ја понудија беше онаа со киселините, реагираа граѓаните и ние ги поддржавме. Се спротиставивме и на нашата влада, а и на новата. Бараме нови модели од нив, ама нив тоа им е скапо бидејќи нема толку многу бакар во земјата. Застарените модели кои првично ги понудија се едноставно неприфатливи. Останува отворена само опцијата за рудникот за јаглен“, рече Поповски.

 

ТОП ВЕСТИ

Винската визија на Отворен Балкан на најголемиот светски саем за вино во Верона заедно со Ковачевски, Вучиќ и Рама

– Саемот за вино „Винска визија на Отворен Балкан“ ќе биде претставен на најголемиот светски саем за вино Винитали во Верона од 2 до...

Полицијата ги пронајде двете исчезнати малолетнички Аниса и Мелиса

МВР велат дека по документирање на случајот, двете малолетнички ќе ги предадат на нивните родители Двете исчезнати девојчиња, 12-годишната Аниса и 15-годишната Мелиса, попладнево се...

Серија моќни торнада ги погодија САД: Тројца загинати. Срушен покрив на театар (ВИДЕО)

Најмалку две лица загинаа, а десетици се повредени по вчерашното торнадо во главниот град на Арканзас, Литл Рок и околината. Уште едно лице загина...

Бугарите утре по петти пат во последните две години излегуваат на гласање

Бугарите во недела излегуваат на гласање по петти пат во последните две години, длабоко поделени околу руската инвазија на Украина, земја која е традиционално...

Се очекува одлука кои видови зеленчук и овошје ќе бидат со замрзнати цени

Кои видови овошје и зеленчук ќе бидат со замрзнати цени, Владата треба да соопшти овие денови.Министерот за економија Крешник Бектеши рече дека тоа најверојатно...