PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Променливо време со силен ветер, дожд и град

Sep 2, 2022

Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе опадне за 5 до 7 степени и ќе се движи од 21 до 28 степени. УВ=4

Во Скопје се очекува променливо облачно и нестабилно време со повремен пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме.

Минималната температура ќе биде околу 20, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Во сабота, како и во недела во поголем дел од денот ќе има стабилизирање на времето.

Во недела во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ