Пронајдени шорцевите на исчезнатиот Мартин, замотани во алги на брегот на Катимерини

Шорцеви на брегот на Катерини во Грција кој наликуваат на оние кои ги носел младиот Мартин Јовановски (31) од Скопје пред да исчезне во морето и  по кого се трага веќе две недели, им дадоа надеж на надлежните дека можеби потрагата ќе даде резултати.  Фотографијата била испратена до спасувачите, а засега не е потврдено дали истите биле на Мартин. Човекот што ги видел и ги фотографирал, не ги земал за да може да се направат анализи и да се утврди дали се на исчезнатото момче. Сега облеката ја нема, најверојатно ја однела водата.

Информацијата за идентификација на костум за кампење кој наликуваше на исчезнатото лице нè донесе на бреговите на Катерини. Пристигнавме со помош на спасувачкиот тим. Ја пребаравме цела област, но залудно”, објави шефот на спасувачката мисија „ОФКАТ“, Христос Рамос.

Неговиот брат Горан пристигна од САД со сопругата и неговото дете за да се приклучи во потрагата. Пред неколку дена тој се заблагодари до сите доброволци и оние кои учествуваа во потрагата по Мартин и рече дека до сега нема ништо, на потрагата чини многу пари кои тој и неговото семејство не можат да си ги дозволат. Повторно апелираше за помош.

Горан преку грчките медиуми испрати апел до грчката Влада да се вклучи во потрагата затоа што истата е премногу скапа.

„Овде сме со моето семејство, со мајка ми, сопругата и со моето 10 месечно бебе и го бараме брат ми. Уште нема никаков знак, ниту резултати, ништо. Потрагата по мојот брат станува многу скапа, изнајмуваме чамци, дронови, подводни камери… Моето семејство не може повеќе да си дозволи. Сакам да кажам посебно благодарам до сите доброволци од мојата земја, до сите донации од секаде без кои немаше да направиме ништо и до грчката влада која неколку дена ја покриваше потрагата. Сега јас и моето семејство сме заглавени во туѓа држава каде воопшто и не го познаваме јазикот, и не можам да си одам дома без мојот брат. Замолувам уште еднаш ако грчката влада може било како да ни помогне, со опрема, дронови, хеликоптери, како и целата грчка популација. Граѓаните кои имаат дронови да помогнат ако можат, бидејќи сме со ограничена група на луѓе , а имаме голема територија за пребарување”, рече пред неколку дена братот на исчезнатиот Мартин.

ТОП ВЕСТИ

Во Драч запленети непријавени над 250 илјади евра

Албанската полиција во пристанишниот град Драч запленила 251.295 евра и поголема количина медикаменти, кои не биле пријавени според важечките албански закони. – Тоа во рамки...

Софи Тарнер и Џо Џонас нема да се разведат мирно, претстои грда борба

87 Се чини дека ситуацијата околу разводот на Џо Џонас и Софи Тарнер ќе се вжешти, а упатени извори тврдат дека ова е само...

Бочварски: Примената на Еврокодовите во градежништвото ќе ја зголеми конкурентноста на домашните компании во Европа 

Министерот Благој Бочварски денеска се обрати на конференцијата посветена на Еврокодовите – нови стандарди за проектирање и градење на сите видови на градежни конструкции....

Груби: Над 2.000 вработувања во Кичево, Тетово, Струга, Гостивар, Битола… АПЛИЦИРАЈТЕ!

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби на својата официјална Фејсбук страница објави дека Саемот за...

ПОТВРДЕНО: Леонардо ди Каприо во врска со 23 години помлада манекенка

88 Познатиот актер официјално е во врска со 23 години помладата манекенка Виторија Черети, потврди извор близок на парот. Двојката е видена низ САД и...