PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Прв инцидент на белградскиот Прајд, украдено ЛГБТ знаме, насилникот веднаш приведен

Sep 17, 2022

Противниците на Парадата на гордоста, кои протестираат против Прајдот што ќе се организира денеска во рамки на манифестацијата „Европрајд2022“, веќе почнаа да се собираат низ централните улици на Белград. Еден од нив украл ЛГБТ знаме, поради што полицијата веднаш го привела.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Припадници на МВР од синоќа се распоредени на улиците, а долж Булевар Крал Александар е поставен полициски кордон.

Токму на тоа место „лице в лице“ ги пречекале членовите на Литиите, кои во знак на протест против одржувањето на парадата на гордоста ја најавија и таканаречената семејна прошетка. Со себе носат икони и крстови и пеат црковни песни.

Парадата на гордоста во Белград се одвива под големо полициско обезбедување/Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Тие се собраа кај Правниот факултет, црквата Свети Марко, а има и такви кои се упатија кон улицата Крал Милан каде се наоѓа инфо центарот на Прајд кој веќе една недела го чува полицијата.

Инаку најмалку 3.000 полицајци ќе бидат директно задолжени за обезбедување на денешната прошетка во рамки на Еуропрајд.

Освен полицајците на улиците и во деловите од градот каде што ќе се движи поворката Прајд, значително поголем ќе биде и бројот на ангажирани припадници на безбедносните сили во униформа или во цивил – вкупно околу 6.000 луѓе.

Фокусот во текот на денешниот ден ќе биде ставен на зачувување на безбедноста на учесниците на Парадата на гордоста, кои ќе бидат неколкукратно помали од учесниците на контра прошетката.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ