Прва руска реакција откако Србија го поддржа исклучувањето од Советот за човекови права на ОН

Поддршката од Унгарија и Србија да се исклучи Русија од Советот за човекови права на ОН е пример за принуда на русофобија, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, а пренесува српската новинска агенција „Танјуг“.

Тој додаде дека тука не се работи за разбирање и простување на ваквата постапка, туку дека мора да се разбере оваа, како што рече, тешка ситуација, односно, невидениот притисок и принуда на русофобијата.

„Сето ова го доживуваат земјите кои се обидуваат да заземат балансирана позиција. Ние го разбираме тоа“, изјави Песков за новинарите.

Како што пренесува „Танјуг“, претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјавил дека Србија сакала да се воздржи при гласањето, но дека се соочила со големи притисоци. Се додава дека официјален Белград претходно го поддржал територијалниот интегритет на сите земји, вклучително и Украина, но Србија не се приклучи на западните санкции против Русија.

За потсетување, Генералното собрание на Обединетите нации во четвртокот ја суспендираше Русија од Советот за човекови права на ОН поради извештаи за грубо и систематско кршење и злоупотреба на човековите права со инвазијата во Украина.

Овој потег, предводен од САД, доби поддршка од 93 земји, 24 земји гласаа против, а 58 беа воздржани. За суспензијата на Русија од 47-члениот Совет на ОН беше потребно двотретинско мнозинство, а оние кои не сакале да гласаат не се бројат во двотретинското мнозинство.

Резолуцијата усвоена од 193-членото Генерално собрание на ОН изразува сериозна загриженост поради актуелната криза на човековите права и хуманитарната криза во Украина, особено поради извештаите дека Русија ги прекршила човековите права.

Русија ги предупреди земјите дека гласањето за суспензија и воздржувањето ќе се сметаат за непријателски гест што ќе има последици за билатералните односи, се вели во белешка во која имала увид агенцијата „Ројтерс“.

ТОП ВЕСТИ

ДУИ ќе одбележува 21 години во „Александар Палас“, Шекеринска една од говорниците

емократската унија за интеграција (ДУИ) денеска ја одбележува 21-годишнината од формирањето. Раководството на партијата, предводено од лидерот Али Ахмети и членови на партијата ќе...

Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците

Во Собранието денеска ќе се одржат седници на две собраниски комисии и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија. На дневен...

Тројца кинески астронаути се вратија на земјата

Кинеските астронаути од вселенското летало Шенжу-15 безбедно се вратија на Земјата во недела, 4 јуни, по мисијата на кинеската орбитирачка вселенска станица која траеше...

Претседателот на Естонија Алар Карис во Албанија од 7 до 9 јуни

Претседателот на Естонија, Алар Карис, од 7 до 9 јуни ќе престојува во Албанија на покана на претседателот на таа земја Бајрам Бегај, пишува...

(Фото) Џенифер Гарнер, бившата жена на Бен Афлек ги однесе децата на Џеј Ло во Дизниленд

Однесувањето на Џенифер Лопез и Бен Афлек  на јавни настани поттикна гласини дека има проблеми во нивната врска. Можеби неочекувано многу за нивната врска...