Пуштен во употреба 110 кV далекувод “ ТС Штип-ТС Овче поле “

Со симболично вклучување на прекинувачот, генералниот директор на АД МЕПСО Орхан Муртезани и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски го означија пуштањето во употреба на новиот далекувод кој ги поврзува трансформаторските станици Штип и Овче поле. По една година исполнета со предизвици од секаков вид, на постојната траса на 110 кV далекувод изграден пред 62 години, изграден е нов линиски електроенергетски објект, 55 армирано-бетонски столбови се заменети со челично решеткасти а старата опрема е целосно заменета со нови проводници, заштитно јаже и изолатори.

            Ја продолжуваме нашата посветена работа за реализација на ветените проекти и инвестиции во енергетската инфраструктура, затоа што нова и модернизирана преносна мрежа значи зголемен капацитет и доверливост на  мрежата во источниот регион на државата, значи инвестирање во подобар животен стандард и развој на економијата, рече во оваа прилика генералниот директор на АД МЕПСО Орхан Муртезани.

Потенцирајки ја важноста на ваквите проекти  во создавањето погоден инфраструктурен амбиент за инвеститорите министерот за транспорт и врски Благој Бочварски рече:

            Инвестициите во преносната мрежа од ваков тип, значат спроведување на стратешките цел за транзиција на производството на електрична енергија од јаглен кон обновливи извори на енергија. Токму на овој далековод ќе се приклучи ВЕЦ “Богословец” со инсталирана моќност од 36 MW. И ова е уште еден пример како во услови на енергетска, здравствена и светска криза, преку подобрување на електроепреносната инфраструктура ги подобруваме условите за водење на бизнис во земјата.

            Инвестицијата за изградбата на овој капитален инфраструктурен проект изнесува 1,41 милиони евра, во него АД МЕПСО вложи сопствени средства и истиот е поддржан со средства од заем на ЕБОР. Изведувач на работите за изградба на далекуводот беше конзорциум на компаниите Кодар Енергомонтажа и Електроисток Изградња од Р. Србија, а надзорот го вршеше домашната компанија “ Столб” од Битола.

            Овој далекувод е дел од проектот за ревитализација на преносната мрежа на АД МЕПСО што опфаќа реконструкција/изградба на вкупно шест 110 кV далекуводи, од кои два се во целост завршени и пуштени во работа, а другите се во одредени фази од реализацијата. Со овој инвестициски циклус ќе бидат изградени над 130 километри далекуводи и ќе се инвестираат над 15,7 милиони евра, дел од кредитната линија на ЕБОР и дел средства на АД МЕПСО.

ТОП ВЕСТИ

МНР на Косово ги повика граѓаните да избегнуваат преминување низ Србија

Косовското Министерство за надворешни работи и дијаспора апелираше до граѓаните на Косово да избегнуваат преминување преку Србија, поради ситуацијата на север во државата. „Поради ситуацијата...

Ахмети го посети семејството на Хашим Тачи: Гордо ќе го пречекаме како победник

Лидерот на ДУИ Али Ахмети го посети семејството на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи, кој е обвинет од хашкиот трибунал за воени злосторства за...

Ѓоковиќ водеше „жестока војна“ со Давидович Фокина, но обезбеди осминафинале во Париз

Новак Ѓоковиќ успеа да обезбеди осминафинале на Ролан Гарос и тоа откако ја оправда фаворитската улога во дуелот со Алехандро Давидович Фокина. Голема битка се...

Три лица загинаа во сообраќајка кај Кадрифаково, меѓу нив и 15-годишно девојче

Три женски лица го загубија животот, а уште четири се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска на автопатот Штип - Миладиновци...

Путин поттикнува немири на Балканот како нов фронт во неговата војна против Западот

ДРАГАН МИШЕВ Путин подготвува нов фронт во неговата војна против Западот. За таа цел се чини дека нема подобра опција од тоа да поттикнува...