PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Путин ја прифатил поканата, ќе присуствува на самитот на Г20

Apr 29, 2022

[ad_1]

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Рускиот претседател Владимир Путин ја прифатил поканата за самитот на Г-20 што во ноември ќе се одржи на индонезискиот остров Бали.

dobivaj vesti na viber

Според агенциите, Путин ова му го потврдил на индонезискиот претседател Џоко Видод. Вчера претседателот на Украина Володимир Зеленски најави дека ќе оди на самитот на Г20 на покана на Видод, иако таа земја не е членка, пишува Си-eн-eн.

„Синоќа разговарав телефонски со рускиот претседател, кој изрази благодарност за поканата за самитот на Г-20 и го потврди неговото доаѓање“, изјавил Видод.

Претседателот на Индонезија посочил дека во разговорот со Путин разговарале за важноста од постигнување мировен договор со украинското раководство и итен прекин на конфликтот.

„Индонезија сака да ги обедини Г20. Не дозволувајте да се распадне. Мирот и стабилноста се клучни за закрепнувањето и развојот на светската економија“, изјавил тој.

Американскиот претседател Џо Бајден и неговите советници дебатираат како да пристапат на самитот откако домаќинот го потврдил доаѓањето на рускиот претседател Владимир Путин.

Бајден рече дека Русија треба да биде исфрлена од Г20. Високи членови на неговата администрација ги напуштија настаните на Г20 на кои присуствуваа руски делегати. Со Индонезија, која е домаќин на самитот, се разговараше за засилена осуда на Русија, како и за тоа како да се пристапи кон ситуацијата.

Но, се уште нема одлука за евентуален бојкот на самитот, кој ќе се одржи за шест месеци.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ