PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Путин, Макрон и Шолц во телефонски дијалог за извоз на жито

May 28, 2022

[ad_1]

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Рускиот претседател Владимир Путин денеска телефонски разговараше со францускиот претседател Емануел Макрон и со германскиот канцелар Олаф Шолц при што ги информирал дека руската страна е отворена за обновување на дијалогот со Киев.

Една од главните темите на разговор било прашањето за безбедноста на храната.

– Русија е подготвена да придонесе за изнаоѓање варијанти на извоз на жито без пречки, вклучително и извоз на украинско жито од пристаништата на Црното Море – рекол рускиот лидер.

Според него, вистинските тешкотии околу испораката на храна настанале поради погрешната политика на Западот.

Тој, исто така, ги предупреди за тоа колку е опасно да се продолжи со „пумпање“ на Украина со оружје од Запад. Тоа, како што рече, води кон дестабилизација на ситуацијата.

Претседателот на Русија им објасни на Макрон и Шолц како се организира процесот на нормализација на животот во Мариупол и другите ослободени градови на Донбас, соопшти Кремљ.

 

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ