Путин негира дека Русија го спречува извозот на украинското жито


Фото: Кремљ

Рускиот претседател Владимир Путин денеска негираше дека Москва го спречува извозот на украинско жито, дека Русија воопшто не се меша во тоа и посочи дека постојат неколку начини да се извезе житото.

Според него, првиот начин е извоз преку пристаништата кои се под контрола на Украина, пред сè пристаништата во црноморскиот басен, Одеса и блиските пристаништа.

– Ние не ги миниравме приодите кон пристаништата. Украина ги минира, рече Путин, споменувајќи го извозот на жито преку Белорусија како една од извозните можности, кои, како што рече, никој не ја спречува, но дека за тоа мора да бидат укинати санкциите против Белорусија.

Рускиот претседател обвини дека „кратковидата политика на европските земји доведе до криза во енергетскиот сектор“. Тој истакна дека целокупната ситуација на Запад доведе до недоволно инвестирање во енергетскиот сектор, како и дека цените се зголемени, пренесоа руските медиуми.

– Исто така гледаме и обиди да се префрли врз Русија одговорноста за она што се случува на пазарот на храна, но овде се работи за замена на тезите, рече Путин.

За него санкциите против Москва се „кратковида, глупава и погрешна политика која води во ќорсокак“.

ТОП ВЕСТИ

Во Драч запленети непријавени над 250 илјади евра

Албанската полиција во пристанишниот град Драч запленила 251.295 евра и поголема количина медикаменти, кои не биле пријавени според важечките албански закони. – Тоа во рамки...

Софи Тарнер и Џо Џонас нема да се разведат мирно, претстои грда борба

87 Се чини дека ситуацијата околу разводот на Џо Џонас и Софи Тарнер ќе се вжешти, а упатени извори тврдат дека ова е само...

Бочварски: Примената на Еврокодовите во градежништвото ќе ја зголеми конкурентноста на домашните компании во Европа 

Министерот Благој Бочварски денеска се обрати на конференцијата посветена на Еврокодовите – нови стандарди за проектирање и градење на сите видови на градежни конструкции....

Груби: Над 2.000 вработувања во Кичево, Тетово, Струга, Гостивар, Битола… АПЛИЦИРАЈТЕ!

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби на својата официјална Фејсбук страница објави дека Саемот за...

ПОТВРДЕНО: Леонардо ди Каприо во врска со 23 години помлада манекенка

88 Познатиот актер официјално е во врска со 23 години помладата манекенка Виторија Черети, потврди извор близок на парот. Двојката е видена низ САД и...