Путин објави видео како шета низ освоениот Мариопол

За првпат од почетокот на војната рускиот претседател Владимир Путин ги посети окупираните украински територии. Тој слета во разурнатиот град Мариупол каде се водеа жестоки борби, а со освојувањето на челичарницата овој регион од мај минатата година е целосно под руска контрола. Путин објави и видео како се поздравува со локалните жители, а од Кремљ информираа дека посетата била спонтана. Според соопштението, Путин воедно го разгледувал и планот за обнова на градот.

Украинските поранешни градски власти на социјалните мрежи напишаа дека „најверојатно меѓународниот воен злосторник Путин го посетил Мариупол во текот на ноќта за да не го види градот убиен од неговото наводно ослободување на дневна светлина“. Антон Герашченко, советникот на украинскиот министер за внатрешни работи, на твитер објави фотографија од посета на Хитлер во Мариупол за време на Втората светска војна.

„Друг диктатор, исто така, еднаш го има посетено Мариупол. Знаеме како заврши неговата приказна. Многу историчари тврдат дека Хитлер тука сфатил дека ја губи војната“, напиша Герашченко.
Инаку, посетата на Путин следува откако Меѓународниот кривичен суд во Хаг издаде налог за апсење за рускиот претседател поради сомнение за нелегална депортација на луѓе од Украина во Русија.

Претходно Киев тврдеше дека токму од Мариупол илјадници лица биле насила депортирани во Русија. Од Кремљ кажаа дека обвинувањата на судот во Хаг се бесмислени безобразни и потенцираа дека не ја признаваат јурисдикцијата на овој суд. Во меѓувреме, властите во Берлин истакнаа дека ќе ја почитуваат одлуката и Путин ќе биде уапсен доколку стапне на германска територија.

ТОП ВЕСТИ

Одличен дизајн, иновативност и камера за најдобри фотографии » opserver.mk

 Новите Galaxy A34 5G и Galaxy A54 5G  целосно ќе ве освојат оваа пролет со својата функционалност, достапност и секако, со уште подобрената...

Италија ја ограничи употребата на податоците на италијанските корисници од апликацијата ChatGPT

Италијанската агенција за заштита на податоци денеска објави дека отворила истрага против апликацијата ChatGPT на OpenAI поради сомневање за прекршување на правилата за...

Зеленски и шефовите на странски држави и влади оддадоа почит на жителите на Буча убиени од руските агресори

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, заедно со повеќе шефовите на странски држави и влади им оддаде почит на жителите на Буча убиени од...

Работната група за уставните измени ќе работи и без ВМРО-ДПМНЕ

Ако ВМРО-ДПМНЕ одбие да се вклучи во работната група за уставните измени, тоа ќе биде негативно за процесот кој треба да ја одреди иднината...

Груби се сретна со в.д. Германскиот амбасадор Ото Граф: Уставни промени годинава!

Скопје, 31 март – Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби, се сретна со в.д. амбасадорот...