PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

„Путин умира, има рак на дебелото црево – порано имал насмеан, а сега лут поглед, оти страда“

Mar 7, 2022

„Рускиот претседател Владимир Путин боледува од ‘рак на дебелото црево’. Оваа вест денеска ја зазеде насловната страница на британскиот таблоид ‘Дејли Стар’, кој се повикува на извори од Пентагон.“ – пренесуваат информативните портали на албански јазик „Репортери.не“ и „ин7“ во информацијата со наслов „Британски медиуми: ‘Путин умира од рак на дебелото црево – фотографијата кажува се“.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

„Ин7“ ги пренесува медиумските шпекулации од Британија: „Се верува дека ‘неговото потечено лице’ е знак дека зема лекови за хемотерапија, или стероиди. Неговиот израз без насмевка покажува дека има постојани болки’ – пишува ‘Дејли Стар’. Поранешен офицер на военото разузнавање, кој работи сега во Пентагон, изјави дека аналитичарите го проучувале Путин (69) и веруваат оти е тешко болен.’

„Во минатото го имаме видено како се насмевнува, но во оваа 2022 година има малку фотографии, на кои тој изгледа среќен. Неговиот поглед сугерира дека тој има болка. Луѓето укажуваат дека неговиот лут поглед најверојатно е последица на неговото страдање. Луѓето се уверени дека тој е болен – тој е загрижен поради ковидот и затоа го држи својот персонал на дистанца.’ – се цитира дека рекол споменатиот извор.“

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ