PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Работен состанок со претставници на Институтот за европска политика (ЕПИ)

Feb 14, 2022
Досегашната успешна соработка и состојбата со реформата во јавната администрација со цел обезбедување на модерна и ефикасна јавна администрација базирана на дигитализација.
Ова беше во фокусот на денешниот работен состанок меѓу министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и Ардита Абази Имери-програмски координатор од Институтот за европска политика-Скопје (ЕПИ).
Министерот Алити истакна дека од особена важност е соработката со невладините организации во процесите за реформа на јавниот сектор. Во таа насока, додаде министерот, многу ни значи и нивната поддршка во делот на развојот на дигитализацијата.
Останува заложбата за исполнување на целите и критериумите на патот кон ЕУ, па оттука соработката меѓу МИОА и Институтот за европска политика-Скопје (ЕПИ) уште повеќе ќе се продлабочува и во иднина, со потпишување на нов Меморандум за соработка.
PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ