Радев: Бугарија беше изложена на сериозен притисок во врска со Македонија

Бугарија минатата година беше изложена на сериозен притисок во врска со стартот на преговорите за членство на Македонија во ЕУ, но го издржавме тој притисок, изјави денеска бугарскиот претседател Румен Радев.

Мислам дека и јас и преодната Влада ги образложивме причините и ги објаснивме позициите на Бугарија и тие беа прифатени. Станува збор за почитување на човековите права и говорот на омраза, што е некомпатибилно со европските принципи – истакна Радев по полагањето на венец на Споменикот на непознатиот војник во Софија, по повод Денот на победата на фашизмот.

Според него, на притисокот може да се одолее доколку „се има јасни позиции кои го имаат предвид бугарскиот интерес“.

Сепак, останува да се види дали Владата ќе го издржи притисокот – додаде Радев.

Запрашан за коментар на изјавата на министерот за надворешни работи Бујар Османи дека можеби ова е единствената и последна шанса за да се спасат односите меѓу Македонија и Бугарија и дека е веќе доста, бидејќи земјава направи се што можеше и не можеше да се направи, Радев само кусо одговори дека е „крајно непримерно да и се поставуваат ултиматуми на Бугарија“.

ТОП ВЕСТИ

Руските пропагандисти со лажно видео ги „закопуваат“ паднатите украински војници во биоразградливи мешунки

Руските пропагандисти измислија ТВ сторија наводно направена од каналот 1+1. Масовните медиуми во Кремљ, сметките на Фејсбук на кинески јазик, каналите на Z-Telegram, проруските сметки на Тик-Ток и некои сајтови...

Руските дезинформации за уништен „Леопард“ со германски екипаж во македонските медиуми виа Б-92

Во очај да покаже какви – такви резултати на бојното поле, соочено со постојани загуби на територии, жива сила и воена опрема, како...

Ковачевски: Се намалува маржата на овошјето и зеленчукот, а гарантирана цена добиваат и пијалоците

Премиерот Димитар Ковачевски соопшти дека Владата одлучила да ја прошири листата на производи со „загарантирана цена“. „Списокот на производи со гарантирана цена ќе се проширува....

Меѓународен ден на Бошњаците/ Доко: Да работиме заедно за попрогресивна земја

Скопје, 26 септември – 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците денеска во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците беше одбележан преку организирана...

Пендаровски на Шерец му заблагодари за словенечката поддршка за пристапувањето на нашата земја кон ЕУ

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими министерот за одбрана на Република Словенија, Марјан Шарец, кој престојува во официјална посета на земјава. На средбата беше потврдена...