Новото засилување за Барселона, Рафиња беше херој во пријатското „Ел Класико“ кое се одигра во Лас Вегас.
Барселона го победи Реал Мадрид со 1:0, а стрелец на голот беше токму Рафиња во 27-та минута со прекрасен шут од 20-ина метри.
Деби во дресот на Барселона имаше и новиот напаѓач Роберт Левандовски кој го одигра првото полувреме и остави добар впечаток.
Инаку натпреварот во целост ги оправда очекувањата, а Барселона и Реал покажаа дека не можат да играат „пријателски“, па имаше искри на теренот.