Рама: Соседите не може да се бираат, минатото мора да се заборави


Членот на Претседателството на БиХ, Шефик Џаферовиќ, денеска ги повика функционерите од Хрватска да престанат да се мешаат во внатрешните работи на неговата земја.

По церемонијата на оддавање почит на децата убиени во Сараево за време на опсадата на градот од 1992 до 1995 година, Џаферовиќ, одговарајќи на новинарски прашања, рече дека не сака да се расправа со оние што постојано ја коментираат ситуацијата во БиХ бидејќи тоа само дополнително придонесува за влошување на состојбите, а ги повика соседите да ја остават неговата земја на мир, пренесе „Хина“.

„Ги советувам нашите соседи, вклучително и Република Хрватска, да ја остават БиХ на мир. Ќе ги регулираме нашите односи онака како што мислиме дека треба да се регулираат. Ние сме независна, меѓународно призната држава и според Дејтонскиот мировен договор, тие имаат обврска да го почитуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на БиХ“, рече Џаферовиќ.

Денеска, и претседателот на владејачката бошњачка Партија за демократска акција (СДА), Бакир Изетбеговиќ, ги осуди тврдењата на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ и на водачите на ХДЗ во БиХ дека Бошњаците се обидуваат да ги спречат хрватските претставници да учествуваат во власта и дека им ги скратуваат уставно загарантираните права на Хрватите.

ТОП ВЕСТИ

Два автомобили и камион се судрија на булевар Србија

Утрово на булевар Србија во правец од Драчево до Аеродром, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале два патнички автомобили и еден камион. Патнички автомобил...

Ковачевски: Во однос на безбедносната состојба во државата, граѓаните може да се спокојни

Настаните кои се случија денес силно ги осудувам, и изразувам целосна поддршка на КФОР за сите идни активности кои се во насока на гарантирање...

Почина Шефот на Коза ностра, Матео Денаро, кој беше фатен во јануари по 30 години бегство

Шефот на италијанската мафија Матео Месина Денаро, кој беше фатен во јануари по три децении бегство, почина на 61 година. Денаро се лекувал од...

„ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ“: Ќе наврнат над 40 литри воден талог, Попоски ги предупредува граѓаните, еве каде е најкритично!

Метеорологот Славчо Попоски предупредува дека поројно врнежи од дожд доаѓаат во земјава. Тој истакна дека во текот на денешниот ден на многу места во Македонија...

ВИДЕО: Маж загина набоден од бик на традиционалниот фестивал во Валенсија

Еден човек им подлегнал на повредите откако бил набоден од бик за време на фестивал во источна Шпанија, соопштија денеска властите. Жртвата, која не е именувана,...