28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците се слави и во земјава како државен празник на босанската заедница во Република Северна Македонија. Во интервјуто на indeks.mk со босанскиот пратеник, Зеќир Рамчиловиќ, кој нагласува дека позицијата на Бошњаците во земјава е многу напредната по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.
„Меѓународниот ден на Бошњаците е еден од најважните датуми во поновата историја на босанскиот народ во Северна Македонија, а во Косово е и на ниво на државен празник на босанската заедница. Самиот датум и неговата важност се совпаѓа со себосанскиот конгрес што се одржа во 1993 година“, вели пратеникот Рамчиловиќ.
Според него, со висок интензитет се продолжува унапредувањето на уставните права на бошњачката заедница во Република Северна Македонија.
„ Да, имаше многу промени во изминатиот период, особено од потпишувањето на Охридскиот договор и до денес, состојбата на Бошњаците во Република Северна Македонија се промени во позитивна насока, почнувајќи од уставноста, токму Бошњаците се дел од народите споменати во Преамбулата на Уставот и оттогаш до денес состојбата постојано напредува, некогаш со висок, а некогаш со слаб интензитет“, вели босанскиот пратеник, Рамчиловиќ.
За БиХ и тамошната ситуација, Рамчиловиќ вели дека Дејтонскиот мировен договор ја запре војната, иако примената во пракса е малку сложена.
„И Босна и Херцеговина го претставува она што денес е нејзина реалност според Дејтонскиот мировен договор и од тој аспект нејзиното претставување и регулирање според спроведувањето на договорот е малку сложено и во голема мера го запира развојот и перспективата на земјата, но од друга страна, Дејтонскиот мировен договор ја запре војната“, вели Рамчиловиќ.