Развојна банка ја заврши 2021 година со двоцифрен раст на портфолиото и позитивни резултати

Во услови на закрепнување на домашното стопанство од здравствената криза, и во 2021 година, Развојна банка на Македонија АД Скопје, како единствена развојна банка во целосна државна сопственост оствари позитивни резултати, ставајќи го притоа целиот свој финансиски и оперативен капацитет во функција на остварување на основната цел за која е формирана – поддршка на развојот на македонското стопанство во согласност со стратешките политики, цели и приоритети на државата.

Во однос на претходната година, вкупната актива на Банката е зголемена за 21% и изнесува 16,1 милијарда денари, со соодветен раст на кредитното портфолио од 19%, на портфолиото од кредитното осигурување од 38% и на факторингот од 11%.

Оваа година, активностите на Банката беа во знакот на воведување на нови производи како царински гаранции и кредитно-гарантната шема која се реализира преку Гарантниот фонд, во име и за сметка на државата. Се изврши повлекување и пласман на првите две транши од ЕИБ 6 кредитната линија во износ од 59,1 милиони евра по исклучително поволни услови за стопанството. Во целост се реализираше третата бескаматна кредитна линија со грант компонента – ,,Ковид 3″, финансирана со средства од ЕУ преку активноста ЕУзаОтпорност од ИПА II програмата и Владата на РМ, во вкупна вредност од 31 милион евра.

Банката оствари позитивен нето-финансиски резултат од 39,6 милиони денари, што е 25% зголемување во однос на остварениот резултат во 2020 година. Согласно Законот, остварената добивка се распределува во резервите на Банката со што, се зајакнува потенцијалот за понатамошна поддршка на реалниот сектор во земјата.

ТОП ВЕСТИ

Претседателот на ДУИ го назначи Рафис Алити за кординатор на огранокот на ДУИ во Сарај

Претседателот на Демократската унија за интеграција, во рамките на неговите законски овластувања, го назначи Рафис Али за координатор на огранокот на ДУИ во Сарај,...

Неверојатна сличност: Помладата ќерка на Адријана Лима и Марко Јариќ е копија на нејзиниот татко (ФОТО)

Адријана Лима и Марко Јариќ во седумгодишниот брак добија две ќерки Валентина (13) и Сијена (10). И иако манекенката и поранешната кошаркар се...

Детали од МВР за големата акција: Уапсени двајца арачиновци, спречен транспорт на дрога во вредност од 100.000 евра

Денеска од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и опасни материи - Единица за...

Маж влетал со автомобил меѓу пешаци на аеродромот во Келн, има повредени

Педесет и седумгодишен маж со автомобил влетал во пешаци во паркинг гаража на германски аеродром при што повредил неколку лица, соопшти полицијата, пренесува Дојче...

Полициска акција на наплатната рампа кај Тетово, запленета голема количина дрога, уапсени дилери

На наплатната рампа пред Тетово, на автопатот Гостовар-Тетово утрово околу 7 часот, полицијата заплени големо количество дрога и уапси двајца оосмничени дилери, информираа за...