PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Реакции за изгорениот автомобил на Груби – Огранокот на ДУИ во Чаир: Нашиот прав пат никој не може да го запре

Jul 22, 2023

Реакции по палењето на автомобилот на првиот вицепремиер Артан Груби.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

На Фејсбук страницата на огранокот на ДУИ во Чаир, во објава која го носи името на првиот човек на огранокот, Беким Незири, пишува дека насилниот чин упатен до нивниот пријател Артан ги загрижил сите пријатели, соработници, соседи и жители на Чаир.„Насилството и ваквите подмолни акти немаат место во едно цивилизирано општество каде секојдневно се обидуваме да изградиме европско општество за сите нас. Никој не може да го запре нашиот прав пат и ништо што е спротивна на нашите цели за модерно, толерантно, европско општество“, се вели во реакцијата, во која се повикуваат надлежните органи што поскоро да го расветлат случајот.

На Фејсбук реагираше и портпаролот на ДУИ, воедно и министер за надворешни работи, Бујар Османи, кој изрази огорченост од веста за, како што пишува, одвратното палење на возилото на вицепремиерот Груби.„Овој чин на насилство со омраза не е само напад на почитуван колега, туку и навреда за нашите демократски вредности и структурата на нашето општество“, вели Османи.

 И Арбр Адеми, шефот на парламентарната група на ДУИ, се солидаризираше со неговиот колега Груби како и други министри и функционери од редовите на ДУИ.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ