Реизбран обвинителскиот тим на Русковска

Марија Ѓорѓиева, Валентина Бислимовска, Енѓелуше Кадриу Леши, Ивана Трајчева и Сузана Мирческа Кузмановска се реизбрани за обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на денешната седница на Советот за јавни обвинители.

Во обвинителството предводено од Вилма Русковска, ќе се приклучат обвинителите кои и досега беа дел од ова обвинителство, меѓутоа мандатот им заврши во февруари.

На денешната седница, републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески, истакна дека ќе ги поддржи досегашните обвинители од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, на кои им истече мандатот.

– Станува збор за професионални и самостојни обвинители кои со успех ги извршуваат доверените работи. Тие постапуваат по многу сложени предмети и нивно евентуално неизбирање ќе значи пролонгирање на тие предмети – рече тој, дополнувајќи дека инвестирано во нивната подготвеност за постапување по предмети од организиран криминал.

Други обвинители кои конкурираа, но не добија мнозинство гласови се Арсим Адеми, за кого во изминативе денови се говореше дека е протежиран од ДУИ, потоа Елизабета Јосифовска, Наташа Сарамандова и Златко Биковски. На конкурсот беше пријавена и обвинителката Имран Османи, но таа добила негативна оцена од Вишото обвинителство поради што не ги исполнуваше условите.

ТОП ВЕСТИ

ФОТО: Сопругата на Канје Вест се појави во црква во морбидно издание

255 Раперот Канје Вест се ожени со Бјанка Сенсори пред неколку месеци, а парот привлекува големо внимание на јавни места. Така, тие се појавија во...

Анастасија Ражнатовиќ насмеана покрај Немања Гудељ по загубата на бебето

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ се поддржуваат еден со друг и во најтешките и во најубавите денови. Српскиот пар прослави за победата на тимот...

Битиќи со германските компании: Нудиме поволно деловно опкружување, стратешки предности и силна владина поддршка

Заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи оствари средба со делегацијата...

Шакира има НОВА ЉУБОВ? Пејачката видена на јахта со познат спортист (ФОТО)

170 Колумбиската пејачка Шакира повторно го привлече вниманието поради приватниот живот, но сега причината не е нејзиниот поранешен партнер, туку некој за кој се...

Груби присуствуваше на редовниот состанок на сите амбасадори на земјите членки на Европската Унија

Денеска се одржа редовниот состанок на сите амбасадори на земјите членки на Европската Унија во Скопје. Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем...