PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Реконструкција на владата во Грција: Новиот состав ќе биде познат напладне

Jun 14, 2024

Кабинетот на премиерот Кирјакос Мицотакис соопшти дека владиниот медиумски претставник Павлос Маринакис на прес-конференција ќе ги соопшти промените што следуваат.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Како што јави грчката ТВ „ЕРТ“, се очекува да бидат сменети неколку министри, а главен критериум по кој ќе се носат одлуките е ефикасноста.Централнодесничарската партија Нова демократија на Мицотакис постигна полош резултат на изборите за Европскиот парламент, потсетува Ројтерс.

Нова демократија, која е на власт во Грција од 2019 година, освои 28,3 отсто од гласовите на изборите за ЕП, но не ја достигна целта од 33 отсто што ја постави Мицотакис за време на изборната кампања, како и 40 отсто од гласовите што ги имаше победи на националните избори во јуни минатата година, анализираат грчките медиуми.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ